Македонија
МТСП: Реформата во социјалната и детската заштита се во согласност со препораките на УНИЦЕФ
Заклучоците на УНИЦЕФ од последната анализа на постојниот систем за детски додатоци се целосно во согласност со социјалната реформа што ја предложи Министерството за труд и социјална политика, информираат оттаму.
Од Министерството посочуваат дека во однос на родителскиот додаток за трето дете УНИЦЕФ потенцира дека мерката повлекува огромни трошоци, а истовремено голем број сиромашни домаќинства со деца не добиваат помош. „Имено, во сценарио каде што сите домаќинства со трето дете помало од 10 години добиваат додаток, само една четвртина од тие трансфери би завршиле кај најсиромашните 10 отсто од населението“, стои во соопштението на Министерството.
„УНИЦЕФ препорачува трансформација на оваа мерка со оглед на малата веројатност дека родителскиот додаток ќе има влијание на одлуката кај релативно имотните семејства да имаат повеќе деца, како и недоследностите на политиката кога ќе се спореди со лимитот за детскиот додаток и неговиот мал опфат. Целта на овој чекор е ограничените буџетски ресурси што се на располагање да се користат ефективно за да се одговори на потребите на најсиромашните семејства. Според анализата, актулениот систем за социјална парична помош не ги дава посакуваните резутати“, велат од Министерството за труд и социјална политика.
Министерството, се додава во соопштението, сите овие прашања ги опфаќа во реформата за социјалната и детската заштита. „Се воведува гарантиран минимален приход, но и се проширува правото на користење детски и образовен додаток. Со реформирање на системот на права за детска заштита правото на детскиот додаток првпат ќе биде достапно и за домаќинствата со ниски примања. Ова значи дека бројот на деца што ќе примаат детски додаток од 3.200 корисници ќе порасне на 73.500. Дополнително, воведуваме нов право-образовен додаток. Овој додаток, место досегашните 3.800, ќе може да го користат 64.316 деца“, стои во соопштението на МТСП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

