Македонија
МТСП со кампања за заштита од семејно насилство: Охрабри се, пријави го насилникот!

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје подготви кампања за превенција и заштита од семејно насилство во вонредна состојба Ковид-19 преку која жртвите на семејно насилство и јавностa се информираат за препознавање на формите на семејно насилство, каде да се обратат и да пријават за помош и кои се постоечките сервиси за заштита на жртвите на семејно насилство.
„Тргнувајќи од уставните определби за заштита на основните човекови права и слободи и почитувајќи ги општоприфатените норми на меѓународното право за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жената, вклучувајќи го и семејното насилство, Владата на Република Северна Македонија и во вонредна состојба обезбедува целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид- 19 и ги потврдува заложбите за преземање на сите неопходни мерки за заштита на жртвите на семејно насилство“, велат од МТСП.
Семејното насилство е кривично дело. Секој има право да го живее сопствениот живот безбедно и во согласност со своите потреби. Затоа Министерството за труд и социјална политика ги охрабрува жртвите на семејно насилство, но и сите граѓани кои се сведоци или имат сознанија за насилство, да го пријават на СОС-линиите, во најблиската полициска станица, центарот за социјална работа или здравствена установа, за да можат стручните лица да постапат и да ги заштитат од сторителот на семејното насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.