Македонија
МТСП: Ќе се развива национален индекс за родова еднаквост
Министерството за труд и социјална политика во соработка со Државниот завод за статистика на Република Македонија и Европскиот институт за родова еднаквост од Вилнус, Литванија, ќе развиваат национален индекс за родова еднаквост. По тој повод министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, одржа работна средба со Виргинија Лангбак, директорка на Европскиот институт за родова еднаквост.
Индексот за родова еднаквост претставува единствен сложен индикатор кој ја одразува многустраната реалност на родовата еднаквост. Со пресметката на индексот на родовата еднаквост за Република Македонија би добиле клучен индикатор за мерење на родовата еднаквост. Исто така, со овој индикатор би правеле споредба со ЕУ и со нејзините земји членки по однос на родовата еднаквост имајќи предвид дека европските лидери го насочуваат фокусот кон оваа проблематика и преземаат мерки воведувајќи нови законски одредби за да ја намалат нееднаквоста.
За таа цел Европскиот институт за родова еднаквост остварува консултации за понатамошна соработка во развивањето и унапредувањето на родовиот индекс. Покрај средбата со министерката Царовска, Лангбак ќе оствари средби и со други поддржувачи на родовата еднаквост во Република Македонија, меѓу кои се членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на жените парламентарки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

