Македонија
Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот
Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името, како и дали ќе гласа за уставните промени што следуваат по референдумот. Но, истакна дека Владата на граѓаните кои го даваат својот глас им должи објаснување кои конкретно уставни промени би се случиле во Собранието.
,,Не би сакал да кажам дали ќе го дадам својот глас на референдумот, бидејќи сметам оти тоа може да биде истолкувано како повик да се излезе или не. Но, недопустлив пропуст е да не се најави конкретно за кои уставни промени станува збор. Граѓаните ќе го дадат својот глас на референдумот, но не знаат прецизно кои се уставните промени, Владата на граѓаните им е должна образложение кои се точно најавените уставни промени”, вели Мухиќ.
Пратеникот, исто така, посочи дека ставовите кои досега ги кажал во Собранието и во медиумите се конзистентни и остануваат непроменети, бидејќи од почетокот на кампањата за референдумот па до сега, не видел ниту една причина да го промени своето мислење за Преспанскиот договор, за кој, патем, смета дека е штетен за Република Македонија.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

