Македонија
Муцунски: Ѝ благодарам на Србија за помошта, вашата држава, лекарите и народот беа меѓу првите што реагираа
Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, денеска изрази длабока благодарност до Србија и српскиот народ за помошта и солидарноста што ја пружија по трагедијата во Кочани.
Тој им се заблагодари за брзата реакција, особено откако премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, престојуваше во амбасадата на Македонија во Белград и се потпиша во книгата на жалост.
Муцунски истакна дека Србија е меѓу првите земји кои помогнаа во оваа трагедија, која префрли голем број повредени во болници, а министрите Вучевиќ и Марко Ѓуриќ веднаш покажаа емпатија и дадоа поддршка.
„Вашата држава, лекарите и народот беа меѓу првите што реагираа. Ви благодариме за се што направивте, како и на вашиот медицински персонал“, рече Муцунски.
Со помош на Србија, пациентите беа префрлени и во болниците во Солун, Софија и други земји.
Во Србија во четири здравствени домови се лекуваат 29 повредени лица со тешки изгореници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

