Македонија
Муцунски во Брисел: Посилен европски столб во рамките на силна НАТО Алијанса ќе придонесе за дополнително зајакнување на трансатлантската стабилност
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествуваше и се обрати на министерскиот состанок на земјите-членки на НАТО, што се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел.
На состанокот беше потенцирана важноста на Западен Балкан како регион од стратешко значење за НАТО и Европската Унија, со акцент на потребата од побрза интеграција на регионот во Унијата како суштински елемент за регионална и европска стабилност. Министрите ја реафирмираа важноста на стратешкото партнерство меѓу двете организации и нивната комплементарност во напорите за обезбедување траен мир и стабилност во евроатлантската област.
Од страна на министрите беше нагласено дека посилен европски столб во рамките на силна НАТО Алијанса ќе придонесе за дополнително зајакнување на трансатлантската стабилност. Во оваа насока беа поздравени новите иницијативи на ЕУ за јакнење на одбранбените капацитети, при што беше нагласена потребата од вклучување на сојузниците од НАТО кои не се членки на ЕУ.
Дополнително, беше изразена силна поддршка за напорите на САД за постигнување траен мир во Украина преку дипломатски пат и дијалог. Потврдени беа и заложбите за зголемување на буџетските издвојувања за одбраната, како и зајакнување на капацитетите и способностите за градење колективна безбедност и одбрана, со цел поефикасен одговор на заедничките закани и предизвици.
На маргините на состанокот, министерот Муцунски оствари кратки билатерални средби со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, како и со колегите министри од Обединетото Кралство, Холандија, Романија, Германија, Италија и Црна Гора. Разговараа за прашања поврзани со регионалната стабилност, безбедност и мир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

