Македонија
Муцунски: Инвестираме во капитални проекти за граѓаните
Инвестираме во капитални проекти за граѓаните, фокусот го ставаме на зелен и хуман развој на општината, истакнува градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
„Транспаретност, ефикасност и оптимизација на трошоците. Во изминатата година покажавме дека инвестираме и се грижиме за граѓаните, но и со оптимизација на трошоците и домаќинско работење заштедуваме средства и вложуваме во нови капитални проекти и инвестиции. Овој начин на работа продолжува и во наредниот период. Општина Аеродром во моментот го проектира буџетот за 2023 година, во кој планираме инвестиции во неколку важни и капитални проекти. Проектирање и почеток на изградбата на две детски градинки и изградба на нов плоштад зад ‘Капитол’, доградба и надградба на две училишта и нови паркови во Аеродром, се само дел од капиталните проекти што ги најавуваме за в година“, напиша Муцунски на социјалните мрежи.
Според него, важно е да споменеме дека фокусот ставен на зелен и хуман развој на општината продолжува и во следниот период со многу поголем интензитет и динамика. Тоа подразбира, како што појаснува, дека сите нови објекти што Општина Аеродром ќе ги изгради во следниот период, ќе имаат систем за енергетска обновливост и енергетска ефикасност.
„Ги намалуваме непродуктивните трошоци и вложуваме во капитални проекти. Првпат Општина Аеродром в година ќе издаде зелена обврзница, која ќе биде поддршка во реализација на капиталните инвестиции во време на економска и енергетска криза.
2023 година ќе биде година на интензивни капитални инвестиции“, додава Муцунски.
Граѓаните на Аеродром, како што вели, заслужуваат модерна и развиена општина. Општина во која се гради и се инвестира. Општина во која се реализираат голем број капитални проекти и каде што европските стандарди интензивно се реализираат и имплементираат за што, како што додава, говори и последното признание што Аеродром го доби од страна на Советот на Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Хрватскиот министер за надворешни и европски работи во посета на Македонија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија, соопштија од Министерството.
Во фокусот ќе бидат и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.
Македонија
„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма
Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје.
„Со нас застанаа уметници кои својот протест го изразуваат со она што најдобро го знаат – музиката. Волонтерски ќе настапат: DJ Александар Јорданов, DJ Chvare, DJ Andrew Meller, Новиот Почеток, Хајка, Луфтханза, Животни, Големата Вода, DJ Базел, DJ Emily Nas, Дина Јашари, Член 16, Зарина Првасевда и Корка. Нивната поддршка е порака дека ова не е изолиран протест, туку заедничка борба за уставно загарантираното право на чист воздух“, се вели во најавата за протестот од „Стоп за Усје“.
Од таму велат дека „Блокадафест“ е јасен повик до институциите и до Титан Усје: здравјето на граѓаните не е преговарачка категорија.
„Додека фабриката продолжува да загадува, ние излегуваме заедно да го блокираме загадувањето и да покажеме дека отпорот може да биде гласен, солидарен и креативен“, се вели во најавата.
Македонија
ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?
„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ“, велат од ВЛЕН.
„Вистина е дека Артан Груби не е ‘обичен’ поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата подвижна архива на една партиска шема што со години се криеше од јавноста. Кога “црната кутија” еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот.
Затоа во ДУИ владее паничен страв. Заплетот влегува во фаза во која соопштенијата и пресовите на ДУИ повеќе не вршат работа, туку фактите. Институциите почнуваат да копаат по вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа буџетските пари.
Дали стравот од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува и ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги, тера некого да користи мафијашки методи на заплашувања? Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби? Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите“, прашуваат од ВЛЕН преку соопштението.

