Македонија
Муцунски од Луксембург: Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е геостратешка инвестиција во мирот
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на потпретседателот на Европската Комисија и високи претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борељ, учествуваше на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ со земјите партнери од Западен Балкан.
Муцунски во обраќањето ја истакна посветеноста на новата влада за забрзување на темпото на реформските постигнувања што водат кон остварување на зацртаната цел: што поскоро членство на земјата во ЕУ.
„Цврсто верувам дека проширувањето на ЕУ е еден од најуспешните мировни проекти на европскиот континент, што придонесува во градењето отпорни општества, а јасно е дека членството на земјите од Западен Балкан во Унијата претставува т.н. геостратешка инвестиција во мирот, стабилноста и просперитетот на континентот како целина“, истакна Муцунски.
Во контекст на актуелните светски случувања, нагласи дека воената агресија на Руската Федерација против Украина е најитниот и најголемиот предизвик на европскиот континент, но и пошироко. Истиот има големо негативно влијание и врз земјите од Западен Балкан, кои што потенцијално отвораат зона за можна дестабилизација на Регионот.
„Нашата земја го задржува својот принципиелен став во однос на Украина кој го има заземено уште од првиот ден на почетокот на војната, осудувајќи ја бруталната агресија на Русија, како и давајќи недвосмислена поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Имаме целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучувајќи ги и сите рестриктивни мерки донесени од страна на ЕУ против Русија, а едновремено давајќи политичка, хуманитарна и воена поддршка на Украина“, потенцираше Муцунски.
На состанокот беше повторена заемната заложба за натамошна поддршка на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, што претставува споделена стратешка цел и гаранција за безбедноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Агресивен карцином кај 10 годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.

