Македонија
Муцунски: Продолжуваме да го поддржуваме спортот во Аеродром и да создаваме локални спортски херои

Во духот на спортот, натпреварувањето, дружењето и меѓусебното почитување, викендов во СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром се одржува првиот меѓународниот карате турнир „Олимпик Опен“.
На натпреварувањето кое се реализира со поддршка на општината, настапуваат повеќе од 500 натпреварувачи од десет земји, каде преку фер борба тие ги покажуваат своите знаења и вештини од овој спорт.
Градоначалникот Тимчо Муцунски, утрово се обрати на отворањето на отворањето на турнирот при што истакна дека Општина Аеродром секогаш дава поддршка на ваквите настани затоа што тие освен што имаат спортски и натпреварувачки карактер, се добра можност за промоција на општината и државата во меѓународни рамки.
„Развојот на спортот, значи и развој на општината и токму поради тоа ние во континуитет даваме поддршка на спортот и спортските таленти во Аеродром. Се радувам на ваквите настани, на учесниците им посакувам пред се одлична дружба, а потоа фер и коректно натпреварување каде ќе победи најдобриот“, истакна Муцунски во своето обраќање на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кисела Вода и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради уличен дефект ф 300 мм на улицата Борис Трајковки бр.73, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Борис Трајковски краците 7, 9 и 11 и дел од улицата Борис Трајковски од 09:00 часот до завршување, општина Кисела Вода;
· поради уличен дефект ф 80 мм на улицата Луј Пастер бр.3, прекинато водоснабување ќе имаат корисниците на дел од улицата Луј Пастер и дел од Кино Култура од 09:00 часот до завршување, општина Центар.
Македонија
Делови од Бутел, Аеродром и Чучер Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.30 часот, корисниците од улица 19, Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улицата Tодор Чангов 51,53, улицата Ѓорѓи Карев, улицата Димитар Илиевски Мурато, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица 42, Радишани, општина Бутел.
Македонија
Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце, извести АМСМ.
Сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка од 06 часот е нормализиран во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.