Македонија
Навремената испорака на хеликоптерите, која ќе се реализира оваа пролет, е добар знак: Петровска на средба со претставници со „ЛОМ-Прага“
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во воздухопловниот ВИНГ оствари средба со извршниот директор на Воздухопловно-ремонтниот завод „ЛОМ-Прага“, Јири Протива, и со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва.
„По многу години, имаме партнер за соработка, кој ги гарантира оперативноста и одржувањето на нашите авиони. Ние сакаме опрема која ќе биде оперативна и токму благодарение на двата договора влада со влада – за ремонт, за набавка на резервни делови и за обука на персонал за одржување на авионите – сега имаме партнер на кој можеме да се потпреме“, истакна министерката Петровска.
Таа ја потенцира важноста од исполнувањето на договорот, што ќе значи и подигнување на капацитетите на воздухопловниот ВИНГ.
„Навремената испорака на двата хеликоптера е добар знак и ги потврдува добрата соработка и позитивни релации меѓу нашите две земји. Реализацијата на овој договор претставува позитивен пример за продолжување на нашата добра одбранбена соработка“, рече Петровска.
Извршниот директор на „ЛОМ-Прага“, Јири Протива, најнапред упати благодарност за денешната средба и потенцира дека двата договора се исполнуваат во целост. Тој додаде дека испораката ќе биде навремена и во следните фази во согласност со договорите е и обука на персонал за одржување на авионите.
Амбасадорт Лудва на средбата потенцира дека двете страни од самиот почеток работеа напорно за да се реализира овој проект со цел да се стигне до финалната фаза.
На денешната средба во воздухопловниот ВИНГ присуствуваа и државниот секретар во Министерството за одбрана, Владимир Анчев, конзулот на Чешката Република, Давид Чернохорски, командантот на воздухопловниот ВИНГ, полковник Игорчо Стоименовски, и претставници од Министерството за одбрана и воздухопловниот ВИНГ.
Двата договора потпишани влада со влада придонесуваат за системски да се решат предизвиците и овозможуваат брза и навремена испорака на резервни делови потребни за целосна функционалност на авионите на македонската Армија. Испораката на двата ремонтирани хеликоптера ќе се реализира во првата половина на 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

