Македонија
Надлежните институции на координација за преземање итни активности за заштита на Преспанското Езеро
Министерството за животна средина и просторно планирање ќе ја интензивира прекуграничната соработка со Албанија и Грција, користејќи ги сите расположиви дипломатски канали за реализација на трилатералниот Договор за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа и за формирање на заедничко координативно тело за прекуграничното управување и мониторинг не само на водите на Преспанското Езеро, туку и целиот екосистем на езерото, е заклучокот од денешната координативна средба помеѓу градоначалникот и претставници на општина Ресен, научните институции, експерти и заинтересирани страни за надминување на состојбата на драстично намалување на нивото на водите на Преспанското Езеро.
Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, истовремено ќе се работи на интензивно детектирање и реализација на активности за исполнување на националните обврски и можности за надминување на состојбите во Преспанското Езеро.
Заеднички е ставот дека заштитата на Преспанското Езеро е процес на кој иако и досега се работело, за да се добијат видливи резултати потребно е преземање на долгорочни, добро координирани, континуирани и финансиски покриени мерки.
Она што може да се направи веднаш е во најкус можен рок да се формира екпертска работна група, која ќе ги прибере и обработи сите постоечки податоци и ќе даде научна проценка за причините за драстичното намалување на водостојот на езерото. Групата ќе испита и ќе даде мислење дали покрај природните причини- долгиот сушен период кој се одрази врз нивото на водите не само на ова езеро туку воопшто на водотеците во државата, има некои посериозни влијанија предизвикани од човечкиот фактор. За тоа беше заклучено дека придонес мора да има и од Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. Пред сè, неопходно е да се испита и да се дадат првични индикативни сознанија за можното влијание на земјоделието и користењето на бунарите за наводнување на земјоделските насади во оваа област. Истото ќе се испитува и во соседните држави.
На состанокот присуствуваше градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, претставници на Македонското еколошко друштво, претставници на Хидробиолошкиот завод од Охрид, Инстиутот за биологија при ПМФ, Шумарскиот факултет, како и од невладини организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

