Македонија
Над 1.900 учесници ќе трчаат на Skopje Run 10K
Илјада и деветстотини учесници денеска ќе трчаат на Skopje Run 10K. Трката од 10 километри и штафетната трка од 5 километри х 2 ќе почнат во 9 часот пред фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје.
Трката е организирана од Сојузот на спортовите на Скопје, Атлетската федерација и Атлетскиот клуб „Работнички“, кои велат дека се целосно подготвени за одличната атмосфера што му претстои на Скопје.
Кире Синадиновски, директор на „Визер – Скопски маратон“, информира дека оваа година околу 1.900 учесници се пријавија да излезат на булеварот Илинден и дека има учесници од Кенија.
Skopje Run 10K оваа година се одржува третпат.
Сите што сакаат да помогнат и во акцијата #ЗасадиВоздух може да купат dry-fit маица за време на подигнување на пакетите и од неа да донираат 100 денари за засадување дрвја во Скопје. Акцијата е организирана заедно со Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ново судење за пожарот во „Пулс“
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, треба да продолжи денеска со сослушување на сведоци, во судницата во Идризово.
Претходното рочиште беше одложено по барање на бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која беше избрана за член на Судскиот совет.
На 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.

