Македонија
Над 200 лица со автобуси и приватни возила денеска ќе влезат во државава
Над 200 лица со автобуси и приватни возила денес треба да се вратат во државава. Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека биле заглавени по разни основи на разни гранични премини.
„Во овој момент имаме најава за влез во државата на над 200 лица со автобуси и приватни возила, кои биле заглавени по разни основи на разни гранични премини. Граничните полицајци се во постојан контакт со Министерството за надворешни работи и со Министерството за здравство, при што во текот на денот се очекува нивно пристигнување. Доколку се утврди нестандардна состојба, со нив ќе се постапи во согласност со препораките на Министерството за здравство“, рече министерот Чулев.
Тој извести дека МВР на 14 март асистирало при извлекување наши граѓани заглавени на меѓуграничен простор на српско-унгарската и хрватско-унгарската граница. Во координација со дипломатските претставништва, во државаа асистирале и во спровод на странски државјани до границите на сопствената држава.
„На 15 март спроведени се 36 луѓе до границата со Косово, а на 16 март споведени се два конвоја со вкупно 55 луѓе до границите со Албанија и Косово, од каде што се прифатени од нивните служби“, рече министерот Чулев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

