Контакт

Македонија

Над 36.000 граѓани потпишаа петиција за воведување евтина тарифа на струјата

Објавено пред

Над 36.000 граѓани досега ја поддржаа петицијата за воведување евтина тарифа на струјата за време на вонредната состојба, поради коронавирусот. Група граѓани го доставија барањето до Владата.

dobivaj vesti na viber

„Задолжителноста на самоизолацијата подразбира задолжително останување дома во текот на речиси целото деноноќие. Тоа значи повисоки режиски трошоци (повисоки сметки за струја, вода, греење итн.). Затоа бараме од Владата вонредната состојба да ја искористи преку донесување низа уредби со законска сила за помош на населението преку социјални трансфери. Но, пред да се донесат истите, неопходни се итни мерки кои треба да се донесат веднаш! Во прв ред тоа е воведување евтина тарифа за струјата во текот на целото деноноќие, а со цел да се спречи негативниот економски ефект на самоизолацијата – зголемени износи на сметките за струја. Сметаме дека оваа мерка може да се донесе веднаш!“ се наведува во петицијата.

„Членот 71 од Уставот и натаму важи, т.е. во услови на прогласена вонредна состојба, 10.000 граѓани и натаму се овластени предлагачи, ако не на закон, тогаш на уредба со законска сила! Имено, во вонредна состојба суспендиран е парламентот, но граѓанските права не сè! Може да се зборува за ограничување на нивните права, но во никој случај не може да стане збор за нивно целосно укинување! Во случајов, Владата ги презема ингеренциите и обврските на парламентот, а една од ингеренциите и обврските на парламентот е да одлучува по предлог-закон на 10.000 граѓани. Така што, во услови на прогласена вонредна состојба, 10.000 граѓани се и натаму овластен предлагач на закон/уредба за законска сила!

Издадени се препораки со сила на наредби. Веќе не се работи за препораки за самоизолација, туку се работи за директни забрани, имајќи ги предвид дневните полициските патроли кои разбиваат и најмали собири на граѓани, а воведен е и полудневен полициски час. Оттаму, може да констатираме дека се работи за наредби за задолжително седење дома, имајќи го предвид брзото и лесно ширење на коронавирусот.

Сето ова го прави сосема неможно остварувањето на уставно загарантираното право од членот 71 од Уставот. Собирањето потписи и нивно евидентирање во подрачните единици ширум Републиката, би значело собирање повеќе граѓани на едно место, нешто што е невозможно, имајќи го предвид и фактот што, прво, граѓаните нема себеси да се изложат на опасност од зараза, колку и да им значи иницијативата, а второ, полицијата би го разбила таквото собирање.

Затоа ве молиме со должно внимание да ја разгледате оваа иницијатива за донесување уредба со законска сила за воведување евтина тарифа на струјата. Со оглед на тоа што над 36.000 граѓани ја поддржаа петицијата, сметаме дека сте обврзани оваа иницијатива да ја ставите на разгледување и гласање на првата следна седница на владата“, се вели во петицијата.

Македонија

Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;

– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;

– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер

Објавено пред

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Автокоманда денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:

dobivaj vesti na viber

· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Перуанците избираат претседател: дебатата ќе трае шест дена бидејќи има 36 кандидати

Вкупно 36 кандидати за претседател на Перу ќе учествуваат во невидена телевизиска дебата што ќе се одржува во текот на...

Свет25 минути

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет30 минути

(Видео) Трамп: „Златното доба на Америка започна“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија14 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија16 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ18 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија19 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија19 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија21 час

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа22 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија22 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија23 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија23 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет23 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет23 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа1 ден

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа1 ден

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа1 ден

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија1 ден

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...