Македонија
Над 50 волонтери со цртежи ќе го разубавуваат стационарот за бездомни кучиња „Лајка“
Настан „Да го разубавиме светот на кучињата, да ја обиме Лајка“ ќе се одржи денеска во стационарот за бездомни куќиња ЈП „Лајка“ Скопје.
Над 50 волонтери во периодот од 10 до 14 часот ќе учествуваат во боење на боксовите и реквизитите на претпријатието и уредување на околината.
Активноста е во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: До Собранието поднесени програмата и составот на новата влада, очекувам на дневен ред да бидат ставени викендов
„Штотуку во Архивата на македонското Собрание ја поднесов Предлог програмата за работа на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ како мандатар на истиот, исто така заедно со Програмата на работа на идната Влада е поднесен и списокот на членовите на идната Влада. Како придружен дел на тој список се и нивните биографии“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Очекувам истото да биде ставено на Дневен ред пред пратениците за време на викендот односно 22 и 23-ти колку што би требало максимално да трае дебатата во рамките на македонското Собрание, 22 и 23-ти јуни.
Граѓаните очекуваат брзи резултати. Јасно е дека оваа Влада како и очекувањата на граѓаните се да испорачува она кое што го ветуваше. Не ветувавме многу за време на кампањата, ветувавме дека Македонија ќе биде повторно на граѓаните односно државата која што изминативе седум години беше заробена од страна на една мала група властодршци кои што доаѓаа од досега владејачките партии конечно е слободна и ќе биде вратена назад на граѓаните.
Имаме група на луѓе која што ќе биде дел од идната влада која што е исклучително мотивирана да веднаш постигне резултатите. И јас очекувам дека секој еден од нив максимално ќе се заложи, ќе даде и повеќе од својот личен капацитет да направиме нешто за нашите граѓани. Тие тоа го заслужуваат, бидејќи тие своето го направија, сега е на ред ние да направиме нешто за нашите граѓани. Очекувам бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата од секаков вид, не само политички, за политичкиот нејќам ни да зборувам. Нема да има толерирање без разлика од која политичка партија доаѓа било каква злоупотреба и овластување на било кое именувано лице, доколку истото биде дел од било какви криминални или коруптивни скандали за кој што постојат докази, се разбира.
Истовремено озбилно планираме да расчистиме со сомневањата, информациите кои што посебно изминатиов период и доказите стигаат до нас за многу злоупотреби кои што се случувале изминативе 7 години, тоа им го должиме на граѓаните и лично тука ќе се заложам.
Исто така очекувам брзи резултати на полето на економијата, бизнисот може да се чувствува сигурен, имаме цврста влада, стабилна влада која што ќе испорача реформи, влада која што го охрабрува бизнисот да вложува во проширувањето на своите капацитети, да вработува што е можно повеќе наши сограѓани, а ние како влада се разбира ќе продолжиме односно ќе бидеме нивен сервис за остварување на нивните права и зголемување на нивното бизнис портфолио.
Младите ќе бидат наш главен акцент исто така сведоци сме дека имаме класичен егзодус на млади луѓе кои што ја напуштаат Македонија и својата иднина ја бараат некаде далеку од овде за жал 8 од 10 мои студенти кои ќе ги прашате после дипломирањето каде понатаму велат одлучивме да ја напуштиме Македонија бидејќи овде нема перспектива, нема иднина, тоа треба да се промени, таа состојба и перцепција треба да се промени, како, само со напорна работа, да го оставиме срцето на терен, да немаме поделба на граѓани од прв ред и граѓани од втор и трет ред, односно сите да се чувствуваат подеднакво, да нема политичка каста која што ќе биде привилегирана а сите останати да бидат граѓани од втор, трет ред па и понизок ред, тоа јас го гарантирам лично, дека нема да се случува.
Зборував и вчера за време на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ дека привилегиите кои што ги носат позициите, костумите и вратоврските не треба да ги направат различни луѓе сите оние кои што ќе ја добијат привилегијата да му служат на народот и да бидат дел од институциите од идната влада. Тоа треба да е мотив и инспирација да работат за истите. Верувам во секој еден од оние кои што се предложени дека ќе ги следи овие насоки и дека нема да излезе надвор од овие принципи.
Доаѓаат подобри времиња за нашите сограѓани, за земјоделците, за пензионерите. Тоа кое што е ветено, а тоа е уште во првата година дека ќе имаме линеарно зголемување на пензиите од пет илјади денари, дека ќе се случи. И понатаму планираме на иновативен начин да ги зголемуваме пензиите. Бизнис околината да генерира додадена вредност и поголеми приходи во буџетот, а со тоа и со поголеми и робусни капитални инвестиции.
Општините, од оние општини од кои што имаме информација, можам да кажам дека се подготвени за оној дел од програмата кога реков дека ќе реалоцираме средства за реализација на многу капитални проекти. Нешто кое што е многу значајно за секој еден обичен граѓанин, за секој еден од нас да не гази кал во 21 век, да има вода за пиење, да има организиран систем за одведување на отпадните води. Да нема повеќе листи за чекање во градинките, учениците да бидат во пристојни услови, да бидат во затоплени училници.
Да не се прашуваат земјоделците дали и кога ќе ги добијат своите субвенции, да не се грижат за својот род дали ќе има откуп и по која цена. За пензионерите веќе кажав. Да немаме егзодус на медицински персонал и доктори и да не ги полниме клиниките по западна Европа, Америка, Канада и светот, туку да овозможиме пристојни услови да останата тука и да творат и работат. И уште многу, многу убави работи кои што ќе следат.
Почнуваме офанзивно и мислам дека, да бидам по прецизен, сигурен сум дека нема да ја изневериме довербата која што оваа коалиција ја доби од повеќе од 600 илјади граѓани кои што гласаа за истата, но истовремено сигурен сум дека нема да ги изневериме и очекувањата на сите граѓани кои што, без разлика дали гласале за нас или не гласале за нас и за оваа коалиција. Знам дека тие сега имаат големи очекувања и убеден сум дека тие очекувања ќе ги испорачаме, односно ќе го испорачаме сето она кое што го ветувавме“, изјави Христијан Мицкоски.
Македонија
Деспотовски: СДСМ ќе се врати на вредностите и традициите од АСНОМ
Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски продолжи со непосредни средби со членовите на партијата. На средбата во Велес беше истакнато дека една од клучните заложби на партијата ќе биде враќањето на вредностите и традициите од АСНОМ.
„Доаѓам од семејство со долга традиција на слободарски вредности. Мојот дедо Јоле Деспотовски беше дел од партизанското движење во западна Македонија, а потоа и дел од југословенската народна армија до својата пензија. Со 18 години се зачленив во СДСМ верувајќи дека оваа партија најдобро се грижи за интересите на државата Македонија и на сите граѓани. Во многу историски моменти покажавме дека сме на вистинската страна. Повторно мора да го покажеме тоа“.
На средбата Деспотовски ја презентираше програмата во која клучна реформа е зајакнување на членството и воведување директен избор на кадри, за која рече дека е добро што ја прифатиле и останатите кандидати.
„СДСМ избори добива со душа и со срце. И ние тоа го изгубивме. Тоа е системски проблем кој се обидуваме сега повторно да ја замениме со наметнување решенија. Тоа се покажа дека не е добро. Затоа ни е потребна реформа и системско решение. А, тоа е многу едноставно. Претседателот на општинската организација, кандидатот за градоначалник, за пратеник не може да се бира во Скопје. Не можам јас да знам што е подобро од вас самите што е најдобро за вас во Велес. Затоа воведуваме директен избор на носителите на сите функции во партијата. Членството одлучува кој ќе ги преставува. Ова е единствениот начин како градоначалникот и пратеникот да бидат одговорни кон луѓето а не кон лидерот. Исто како што се бира претседател на партија така да се бира и градоначалник. Тоа е најдобра анкета за да знаеме кој чини, а кој не чини како кадровско решение. Секој сака да му се слушне гласот и има право за тоа“, нагласи Деспотовски.
„Се појави дилема зошто побарав од останатите кандидати да потпишат изјава дека нема да тргуваат со позиции во партијата и критика дека така ќе ни избегаат квалитетни кадри. Отворено ве прашувам, дали треба некој да биде партиски функционер за да даде искрен придонес за партијата. Се наметнуваат лажни дилеми и стандарди дека луѓето треба да бидат наградени само затоа што се тука“, нагласи Деспотовски.
Тој ја нагласи потребата од отворена двонасочна и постојана комуникација со општинските организации. Меѓу другото за таа цел, дел од присутните предложија секоја првата сабота во месецот да се одржува работна состанок на претседателот на партијата со сите претседатели на општинските организации каде треба да се дебатира за сите отворени прашања и да се носат заеднички одлуки.
Повеќе присутни членови го отворија и прашањето со начинот на регистрација за гласање, и дека стравуваат од можни проблеми при гласањето поради тоа што дел од членовите немаат обновено картички за гласање. Членството бара да се разгледаат сите можности и да се овозможи учество на што е можно поширок круг на членови во гласањето.
Македонија
„Кадри што му служеле на режимот на Груевски, почнувајќи од Мицкоски, не може да донесат и спроведат реформи“, велат НСДП
„Мандатарот Мицкоски предлага состав на влада со кадри на Груевски, во најголем дел тоа се луѓе што во минатото му служеа на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и ги следат многу скандали. Граѓаните бргу ќе ги видат на дело кадрите на „рециклираниот режим“ и „заробената држава“, која ја инсталираа во десетгодишното претходно владеење“, велат од НСДП.
„Кадри кои служеле на режимот на Груевски, почнувајќи од Мицкоски, не може да донесат и спроведат реформи, матрицата од претходното нивно владеење останува иста.
Во град Скопје и во општините три години го гледаме нивниот начин на спроведување на „реформи“ и нови проекти, хаос, безредие, прсти во медот, блокирани и нефункционални локални институции, партиски вработувања и скандали.
Првите потези и чекори го најавуваат моделот на владеење, особено ако ги гледаме потезите на претседателката на државата која уште во првите недели од мандатот го крши Уставот, ги влошува односите со соседите и на нeдостоинствен начин ја претставува државата.
Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваме да ретерира и отстапува од изборните ветувања со кои ги изманипулираа гласачите, тоа се гледа и по првите потези на нивното делување: не го намалија бројот на министерствата, го прифатија Преспанскиот договор наместо да го ревидираат како што веруваа во предизоборната кампања и нема да го вратат претходното уставно име, не предлагаат ревидирање на Охридскиот договор и договорот со Бугарија, вонинституционално договараат задолжување од една милијарда евра, ги влошуваат односите со соседите“, се наведува во соопштението на НСДП и додаваат дека нема да дадат поддршка за ваков состав и програма на влада.