Македонија
Нападите врз Албанците во Куманово се сценарио на „српски свет“ и нивните слуги во РСМ за дестабилизација, велат од Алијансата за Албанците
Вербалните закани, говорот на омраза и антиалбанската реторика поттикнати и од владини политички експоненти и националистички групи, почнаа на дело да се реализираат со напади врз Албанците и нивниот имот, како што беше случајот синоќа во Куманово каде беа запалеми канцеларија и три возила сопственост на Албанците, истакнуваат од Алијанса за Албанците.
„За жал, како и во минатото така и сега, Куманово повторно е избрано за арена за опасни сценарија и следен удар врз Албанците.
По последователни настани, изјави започнати во текот на кампањата, владини одлуки, инциденти за време на празникот 28 ноември и сега со палењето на имотот на албанци во Куманово, јавно прашуваме кој стои зад целата оваа кампања и кој си игра со оган? Можеби таканаречениот „српски свет“, заедно со нивните слуги во Северна Македонија, сакаат слична дестабилизација како што се обидоа пред неколку денови во Косово“, нагласуваат од оваа партија.
Загрижени од состојбите и последните случувања, ги повикуваат граѓаните да бидат внимателни и да не станат, како што велат, плен на вакви провокации и сценарија, а Владата и надлежните институции итно да дејствуваат да ги спречат.
„Ги повикуваме албанските партии во Владата да стават крај на нивната авантура за која од почеток ги предупредувавме и да не станат марионети на нивните партнери кои отворено ги искажаа своите планови против Албанците, туку да се вратат кај народот заедно да ја запреме оваа опасна кампања.
Алијансата за Албанците ја повикува меѓународната заедница директно да интервенира за да се спречат ваквите настани и оваа кампања која ја загрозува не само земјата, туку и целиот регион“, потенцираат во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

