Македонија
Нападната вработена во трговски центар во Скопје
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/89051987_229368974908932_7549579167994478592_n.jpg)
На 13.02.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, М.С.(46) од Скопје пријавила дека на работното место во објект во трговски центар на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, била физички нападната од едно женско лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Тoшковски од Минхен: Безбедноста е темел на стабилна држава, во услови на нови глобални закани, Македонија мора да биде активен учесник во меѓународниот дијалог
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/makedonska-delegacija-vo-minhen-mickoski-2025.jpg)
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 14 до 16 февруари е дел од делегацијата на Минхенската безбедносна конференција – најзначајниот глобален форум за безбедносни прашања, која е предводена од премиерот Христијан Мицковски.
„Безбедноста е темел на стабилна држава! Во услови на нови глобални закани, Македонија мора да биде активен учесник во меѓународниот дијалог. Нашата улога во НАТО, регионалната стабилност и борбата против транснационалниот организирани криминал се клучни не само за нас, туку и за европскиот безбедносен систем. Силна Македонија на меѓународната сцена! Нашето присуство тука покажува дека Македонија не е само набљудувач, туку активен учесник, држава со визија и јасни позиции. Се бориме за заслуженото место во Европа и за безбедна, стабилна и перспективна иднина за сите граѓани.“, издвои министерот Тошковски.
На маргините на конференцијата, македонската делегација оствари билатерална средба со хрватската делегација предводена од премиерот Андреј Пленковиќ, на која се разговараше за заедничките предизвици, европските интеграции и продлабочувањето на меѓусебната соработка.
Македонија
Коцевски немал судир на интереси за ниту еден предмет – се огласи Обвинителството по обвинувањата на Милошоски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/obvinitelstvo2.jpg)
Обвинителството реагира дека тврдењата на пратеникот Антонијо Милошоски за поврзаност на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски со Иџет Мемети и Наќе Георгиев се невистинити.
„Ниту во наведениот, ниту во кој било друг предмет јавниот обвинител на Република Северна Македонија не бил во ситуација на судир на интерес“, реагира Обвинителството по објавата на пратеникот на „Фејсбук“.
Милошоски претходно денес обвини дека спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на Државниот јавен обвинител Коцевски.
Македонија
Мицкоски и Хојзген во Минхен разговараа за безбедносните предизвици
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/mickoski-vo-minhen.jpg)
Премиерот Христијан Мицкоски во рамките на работниот престој во Минхен, Сојузна Република Германија денеска оствари средба со претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојзген.
На средбата се разговараше за актуелните безбедносни предизвици во Европа и регионот, како и за можностите за зајакнување на меѓународната соработка во доменот на безбедноста и стабилноста.
Премиерот Мицкоски ја истакна заложбата за унапредување на стратешкото партнерство со сојузниците од НАТО и потребата за напредок на патот кон Европската унија, како и за активната улога на земјата во регионалната безбедносна архитектура.
Тој нагласи дека стабилноста на Западен Балкан е клучна за европската безбедност и ќе продолжи да работи на продлабочување на билатералните и мултилатералните односи во оваа област.
Двете страни се согласија дека соработката е клучна за справување со глобалните предизвици и дека иднината на регионот е во одржлив развој, економски просперитет и сигурност за сите граѓани.
Мицкоски денеска оствари билатерална средба и со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Средбата се одржа во духот на пријателските односи меѓу двете земји, при што беше нагласена важноста на продолжувањето на политичкиот дијалог и економската соработка.
Двајцата премиери разговараа за билатералните односи, евроинтегративниот процес и предизвиците со кои се соочува регионот на Западен Балкан. Премиерот Мицкоски изрази благодарност за континуираната поддршка што Хрватска ја дава на Македонија во процесот на европските интеграции и нагласи дека Владата останува посветена на реформските процеси со цел забрзување на пристапните преговори.
Премиерот Пленковиќ ја потврди поддршката на Хрватска на патот кон Европската унија, истакнувајќи дека стабилноста и развојот на регионот се од заеднички интерес.
Во текот на денот Мицкоски ќе земе учество во дел од активностите на Минхенската безбедносна конференција, каде ќе има свое обраќање на панел дискусијата на Форин Полиси, говерејќи за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално ниво.