Македонија
Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/4-11.jpg)
30-годишен Македонец, осомничен дека е водач на нарко-мафија бил уапсен на аеродромот во Женева на 29-ти јануари, по што бил екстрадиран во Австрија, објави швајцарскиот портал Blick.ch.
Тој организирал шверц на најмалку четири килограми хероин и 1,5 килограми кристал мет. Јавното обвинителство во Линц го смета за клучен член на регионалната мрежа за дистрибуција на дрога.
Македонскиот нарко бос чиј идентитет не е објавен, долетал од Приштина и имал нови документи бидејќи во Македонија си го сменил името.
Македонецот важи за водечки член на нарко-мафија ширум Европа. Тој се бара со потерница на ЕУ од 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/oblak-redok.jpg)
Наутро со услови за магла и ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди, а наместа и претежно попладне со услови за појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје претежно облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и локална појава на слаб краткотраен дожд, наутро со услови за магла. На почетокот на работната недела ќе преовладува претежно облачно и постудено време со повремени врнежи, на планините и понекаде на повисоките места од снег, а во некои од пониските места со дожд кој ќе преминува во снег. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.
Македонија
ДЗС: Намален e прометот во индустријата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/dzs.jpg)
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата во декември лани во однос на истиот месец од 2023 година, е намален за 11.0 %.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 % и кај Капитални производи за 26.2 %.
Прометот во индустријата декември во однос на ноември 2024 година, бележи пад од 12.8 %, додека од јануари до декември лани во однос на истиот период од 2023, намалувањето е 10.8 %.
На домашниот пазар, прометот во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, е намален за 0.9 %. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи пораст кај Капитални производи за 3.9 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.7 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.5 %.
Во декември, пак, во споредба со ноември 2024 година, има раст од 3.4 %, додека во периодот јануари-декември во однос на истиот период од 2023 година, е евидентиран пад од 2.0 %.
Прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, е помал за 4.5%. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.7 %, опаѓање бележи кај Капитални производи за 26.4 %, додека кај Интермедијарни производи, освен енергија е на исто ниво.
Во декември во споредба со ноември 2024 година, има пад од 17.4 %, а додека во периодот јануари – декември 2024 во однос на периодот јануари – декември 2023 година, намалувањето изнесува 13.8 %.
Македонија
Почина познатиот гинеколог и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/5-10.jpg)
Денеска почина проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер, чие влијание во медицината и образованието ќе остане запаметено.
Проф. д-р Јуруковски беше редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што служеше како продекан и шеф на Катедрата за гинекологија и акушерство. Долги години беше и директор на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, каде што неговите напори доведоа до воведување на современи медицински стандарди и критериуми. Со својата стручност и визија, тој ги постави темелите за развојот на оваа гранка на медицината во Македонија. Проф. д-р Јуруковски беше автор на многу статии од неговата област, како на домашно така и на интернационално ниво, вклучувајќи и истражувања објавени во Оксфорд, Англија, каде што го поминал дел од своето школување и добил понуда за професорска позиција.
Покрај неговата академска и клиничка кариера, проф. д-р Јуруковски беше основач на ПЗУ Јуруковски, приватна здравствена установа која нуди висококвалитетни гинеколошки и акушерски услуги. Неговата посветеност на медицината и образованието го постави како еден од водечките стручњаци во оваа област.
Но, покрај тоа што беше извонреден лекар и професор, тој беше и исклучителен човек – верен пријател, посветен сопруг, грижлив татко и дедо. Со својата добрина, скромност и топлина, остави неизбришливи спомени кај сите што имаа чест да го познаваат.
Останува споменот за еден човек кој несебично го посвети својот живот на медицината и на благосостојбата на другите. Нека почива во мир.