Македонија
Народниот правобранител ги презеде сите мерки за заштита на правата на граѓаните пред ЕВН
Народниот правобранител во континуитет ги следи обезбедувањето, почитувањето и заштита на правата на граѓаните како потрошувачи, односно корисници на услуги вклучително и пред ЕВН „Македонија“ АД и во тој контекст по најавата на Владата за отпис на заостанатите долгови и по основ на електрична енергија, со цел согледување на состојбата, отвори предмет по сопствена иницијатива, при што од овој орган побара детаљни информации во врска со оваа најава.
Имајќи го предвид сè поголемиот број поплаки од граѓани што не може да ги исполнат обврските кон ЕВН, народниот правобранител бара од раководството на ЕВН, до завршување на овој процес, да не им ја прекинува испораката на електрична енергија на домаќинставата, да не презема дејства за присилна наплата и да не ги принудува да склучуваат спогодби за нивно плаќање на рати.
Според народниот правобранител, ЕВН, со цел заштита на граѓаните потрошувачи, првин треба да утврди која категорија граѓани ќе биде опфатена со овој процес, временскиот период за кој би се однесувал отписот на долговите и дали во отписот ќе бидат вклучени каматите, трошоците на постапките, како и јавното осветление.
Исто така, како што се наведува, раководството на ЕВН треба да го има предвид фактот дека голем број од предметите седеле во судовите и не биле процесирани, а поради ваквите недоследности, штетата е исклучиво за граѓаните чии долгови во текот на годините повеќекратно им се зголемиле.
Народниот правобранител, како орган што ги промовира и штити уставните и законските права на граѓаните, во рамките на надлежностите утврдени со Уставот и Законот за народниот правобранител, ќе ги следи состојбата и реализиацијата на оваа најава и ќе ги преземе сите мерки за заштита на правата на граѓаните пред ЕВН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

