Македонија
Народниот правобранител отвори бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право
Во канцеларијата на народниот правобранител, од денес, четврток (4 април 2024 година), на денот на почнувањето на кампањата за избор на претседател на Република Северна Македонија, па сè до 8 мај 2024 година, кога ќе се одржи вториот круг од претседателските избори 2024 година и парламентарните избори 2024 година, граѓаните ќе може да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.
Сите непрaвилности граѓаните ќе може да ги пријават во текот на предизборниот период, како и на денот/деновите на гласањето, 24.4.2024 година и 8.5.2024 година.
Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 8 до 16 часот и по пријавите на граѓаните, ќе се постапува веднаш по примениот повик или на снимената телефонска порака.
Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните, ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи вклучени во изборниот процес и од другите институции, кои се должни да им обезбедат заштита и остварување на загарантираните права на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

