Контакт

Македонија

Насилство врз трансродовите лица: Ме нападнаа и удираа на улица

Објавено пред

Фото: Љупчо Петрески

Трансродовите лица кои живеат во земјава се соочуваат со психолошко или физичко насилство и често се чувствуваат загрозено и во најминорни секојдневни ситуации, покажува најновото истражување на Коалицијата „Маргини“. Тие имаат големи проблеми и со личната документација  и погрешното препознавање поради неусогласеноста на податоците за нивниот пол, родов израз и прикажувањето во јавност.

dobivaj vesti na viber

„Бев во бесплатно интернет-кафе во центарот на градот и тогаш уште немав почнато со хормонска терапија. Група деца се интересираа што сум. Седев пред еден компјутер, дојдоа зад мене и почнаа да викаат и да ме прашуваат. Ги игнорирав упорно. Почнаа  тројцата да ми го тресат столчето и да викаат уште погласно. Се разбира дека ми беше страв да не почнат да ме удираат. За среќа, се откажаа. Инаку, никој од луѓето што седеа таму не презеде ништо“.

Вака за „Макфакс“ трансродово лице кое единствено ни го откри своето име – Бојан опишува едно од искуствата во неговото секојдневие. Раскажува дека дома имал вербално насилство речиси секој ден, сѐ додека не се отселил и додека не ги средил односите со дел од роднините.

„Надвор од дома исто така не беше мирно. Вакви ситуации не ми се случуваат откако се појавија ефектите од хормонската терапија. Имам карактеристики на маж. Не би можеле ништо да забележите. Транс-луѓето се секаде околу вас и секој ден комуницирате и се разминувате со нив, ама не сте свесни за тоа. Навистина не е нешто страшно, и не гледам зошто има толкаво неприфаќање“, вели тој.

Почнал со примање хормони за промена на полот пред повеќе од 7 години по што го променил името, а потоа дошле на ред и операциите.

„Одлучив дека веќе нема потреба да се аутирам пред новите луѓе што ги запознавам. Да, јас сум транс, ама тоа е само еден мал дел од мојот идентитет. Не чувствувам потреба да го истакнувам тоа. Фокусот не е на тоа, туку на она што го правам во животот. Имам дипломирано, имам милион хобија, сакам природа, зависен сум од музика и општо од уметност… исто како и дел од луѓето што не се транс“, вели Бојан.

Сите учесници во последното истражување „Трансродовото искуство: идентитети, тела, насилство и социјализација“ на Коалицијата „Маргини“ и истражувачот Славчо Димитров, без исклучок, имале искуство на присилно изведување на родовите норми, вербално или психолошко насилство поради прекршувањето на нормата, а во неколку случаи и физичко насилство.

„Почнаа да зборуваат со мене, ми удрија бокс, ме удрија со шипка во ногата и ме удираа со запалени петарди. И тука ме извадија од памет. Морав да бегам. Имав и други ситуации што беа многу страшни и завршија со 6 месеци условна казна. Имам јадено здрав ќотек и не одговараа. И плус користеа ладно оружје. Многу гадно ме претепаа. Вадев и лекарско уверение… Не беа лесни физички повреди, туку тешки. Имав скршеници на лицето. Пријавив и во полиција и потоа беше уште полошо. Полицијата имаше став ‘се случува, деца се’. И добија 6 месеци условна казна за тоа“, говори едно од сведоштвата на млад транс-маж во истражувањето.

„Изложеноста и ранливоста на насилство кај трансродовите жени кои се занимаваат со сексуална работа се покажа дека е значително повисока како резултат на испреплетувањето и на двата статуса, и трансродовиот статус и статусот на сексуална работничка. Сите овие ситуации и искуства предизвикуваат најголем дел од учесниците да се чувствуваат загрозено и во најминорни секојдневни ситуации да се чувствуваат ранливо и да ги менаџираат и континуирано да ги реорганизираат своите секојдневни рутини, насоки и простори на движење со цел да избегнат потенцијално насилство или понижување“, се вели во истражувањето.

Не можат да извадат соодветни документи и лични карти

Освен опасноста од насилство, еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат овие лица е и проблемот со личните документи и погрешното препознавање до кое води неусогласеноста на податоците за нивниот пол со нивниот родов израз и прикажувањето во јавност.

„За да се заштитам, засега работам само со луѓе кои знаат за мене, затоа што со нив немам проблем со документите. Јас сум во процес на промена на ознаката (М/Ж) и чекам веќе неколку години. Не ми е променета ознаката за пол, па имам проблеми во банка, не можам да подигнам поштенска пратка, да аплицирам за работа, сум имал проблеми и со здравствени услуги, вклучително и кога ми требала брза помош. Треба секаде да објаснувам и да слушам секакви понижувачки коментари. Многу работи кои им се достапни на другите граѓани, за мене се недостапни или во најмала рака проблематични. Како да се чувствувам достоинствено и да живеам квалитетен и продуктивен живот ако институциите помагаат да се ограничи мојот пристап до основни права и услуги?“, вели Бојан.

Според истражувањето на Коалицијата, не сите трансродови лица се вклопуваат во најчестите толкувања за тоа како се родени во „погрешно тело” и сите имаат најразлични потреби и желби за трансформација на нивните тела. Познавачите велат дека некои од транс-лицата воопшто не сакаат, некои сакаат делумни интервенции, како на пример само земање хормони, додека некои сакаат целосни операции за промена на полот.

„Поради ова е недозволиво за промена на податоци во лични документи и матичен број да се поставува како услов лицето да има направено операција за промена на полот“, велат од Коалицијата „Маргини“.

„Честопати цената што морале да ја платат за обидот да живеат во родот различен од назначениот род била изолацијата и постојаното малтретирање, како и самоизолацијата како стратегија за самозаштита и преживување среде непријателската околина. Врсничкото насилство и насилството во семејството, како и следствената изолација кај многумина од учесниците во истражувањето станува извор на несигурност за сопствениот родов идентитет, себепреиспитување, како и причина за развој на анксиозност, панични напади и на депресивни чувства, а во два случаи во ова истражување беше нагласена и желбата за самоубиство“, се вели во нивното истражување.

Проблеми со здравствените услуги и тешко до работа

Адвокатката Наташа Бошкова вели дека транс-луѓето кај нас имаат проблем со достапноста до здравствени услуги за медицинско потврдување на родот кои опфаќаат здравствени услуги поврзани со грижа за менталното здравје, хормонска терапија и операции.

„Во Македонија не постојат обучени тимови од различни специјалности кои ќе можат да обезбедат професионална грижа за здравјето на транс-луѓето во процесот на транзиција. Поради ова, најголем дел од нив се снаоѓаат во постоечкиот систем, додека оние кои можат да обезбедат финансии, ги користат здравствените услуги во странство. Од друга страна, транс-луѓето се соочуваат со ограничен пристап до постоечките услуги за здравствена заштита најчесто поради страв од откривање на нивниот родов идентитет, или недовербата во здравствените работници дека ќе им помогнат. Затоа, тие го одложуваат одењето на лекар, што влијае на нивната општа здравствена состојба, што во однос на општата популација е полоша“, вели Бошкова за „Макфакс“.

Според сознанијата од истражувањето на „Маргини“, речиси ниту едно од лицата кои ги интервјуирале не работи, не може да најде работа или не се ни обидува поради страв од дискриминација, насилство и понижување. Поради насилството во образованието, дел се повлекуваат од образовниот процес, а дел не можат ни да остварат соодветни постигнувања преку кои би стремеле кон најразлични кариери.

Психологот Лина Костарова Унковска вели дека стравовите од дискриминација и насилство кај трансродовите луѓе во Македонија се реални и искуствени.

„Дискриминацијата и насилствата за овие луѓе се секојдневие, ги доживуваат на секој чекор и во секој момент, од најмала возраст, и буквално учат како да живеат со нив за да преживеат. Трансродовите луѓе имаат сложени механизми на самозаштита, од негирање на реалноста, и/или крупни манипулации со истата, до (само)исклучување и одземање на животот, со единствена цел прекинување на тортурите. Во таков животен контекст вработувањето и осамостојувањето се многу подолу во нивните животни агенди.  Непочитувањето на нивното право на родово самоопреелување и притисоците за корекција на сопственото чувство за тоа кои се почнува од рана возраст и трае до крајот на нивниот живот, почнувајќи од најблиските, семејството, а потоа и од врсниците во и надвор од училиштето, сè до заедницата која останува затворена за нив“, додава Костарова Унковска.

Според неа, многу од сознанијата за родовите прашања и сексуалноста, кои се затворени  прашања во светот на науката, правото и праксата, во земјава сè уште одбиваме да ги поставиме на дискусија. „Трансродовите луѓе се невидливи во Македонија, и на нив се гледа како на чудна појава, како грешка на природата, и сè што можеме да ‘искамчиме’ од мал дел од оваа заедница е сожалувањето и лажната сентименталност“, додава таа.

Кристина Озимец

Фото: Љупчо Петрески

Македонија

Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има

Објавено пред

Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“  поладнево на  „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.

dobivaj vesti na viber

-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.

Тој, во изјавата за медиумите, истакна  дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.

 

-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.

Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.

-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.

Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

Објавено пред

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.

dobivaj vesti na viber

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Прикажи повеќе...

Македонија

Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации

Објавено пред

Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.

dobivaj vesti na viber

„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.

Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.

Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).

Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:

1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.

Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет34 минути

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет57 минути

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет1 час

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет2 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија2 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет2 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет2 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет6 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија7 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет7 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет12 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет13 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија14 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет14 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет15 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет15 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ1 ден

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...