Македонија
Наутро облачно, преку денот сончево со максимална температура до 14 степени

Наутро по котлините со услови за магла и ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала до умеренма облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Следува период на стабилно време со пониски утрински температури, а дневните до крајот на работната недела ќе бидат во постепен пораст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Експерти на терен за увид за изработка на физибилити студија за гондола на Пелистер

Денес во втора посета на општина Битола се претставници на компанија од Словенија со експерти од Франција и Србија кои се во увид на лице место за проектот за изработка на физибилити студија за проект за гондола.
Се работи, како што соопшти организаторот, за врвни експерти од оваа област кои имаат искуство во изработка на физибилити студии и изградба на гондоли и жичари.
Според соопштеното истите имаат изведно проекти во Србија на Копаоник и неколку европски земји.
Експертите ги придружуваа Претседателот на комисијата за туризам Бојан Бојкоски, советниците Иван Чулакоски, Елена Кромидаровска Маховска и Методија Илиевски. Исто така, во посетата ги придружуваше и директорот на хотел Молика Горан Исков. Од увидот на планината, експертите беа воодушевени од природните убавини на Пелистер. Периодот кој следува треба да се подготви проектната програма за физибилити студијата која ќе ја дефинира трасата и финансиска конструкција на проектот.
Македонија
Министерство за култура: Изборот на директор во Филхармонија ќе биде исклучиво согласно позитивните законски прописи

Во врска со денешниот протест на вработените во Националната филхармонија се огласи и Министерството за култура и туризам од каде информираат дека работат согласно со Законот и дека изборот на директор на оваа институција ќе биде исклучиво согласно позитивните законски прописи.
„Во тој контекст Ве информираме дека Комисијата за селекција на кандидати за избор на директор на НУ Филхармонија согласно Законот за општа и управна постапка (ЗОУП) до учесниците во конкурсот достави барање за дополнително појаснување во однос на доставената документација, што било пракса и во минатите постапки за избор на директор на Филхармонијата“, е нагласено во информацијата.
Министерството, како што потенцираат од таму, ги отфрла тврдењата искажани на денешниот протест. Апелираат до вработените и до целокупната јавност да имаат доверба во институционалниот процес кој се спроведува исклучиво согласно со законот.
Македонија
Голем е очајот во СДС кога вадат сметки од пред 8 години, ако имало нешто додека беа на власт со зурли и тапани ќе го обелоденеа, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Колку е голем очајот во СДС се гледа во тоа што вадат сметки стари 8 години за да манипулираат за претседателот Мицкоски и министерката Кочовска, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Мартин Костовски.
Додаваат дека ако имало било што за Мицкоски и Кочовска, СДС со зурли и на тапани изминативе 8 години ќе го објавеле и процесуирале.
„СДС манипулира со сметки, затоа што се очајни и не знаат каде тераат. Ако зборуваме за сметки и кафански ручеци и хотелски сместувања, првото место оди за СДС, нема да се спуштаме на тоа ниво да докажуваме кој што правел, доволно е да се погледне од Бисера Антоанета, преку Маричиќ па надолу. Зошто е очајот голем? Голем е затоа што за првпат во Македонија нивото на инвестиции е над 1.2 милијарди евра, се покачија плати и пензии“.
СДС гледа дека нивната политика е поразена одамна, а падот во рејтинг не им престанува иако се длабоко во опозиција, истакнуваат од партијата на власт.