Македонија
Наутро услови за појава на магла, преку денот сончево
Времето денеска, наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен преку ноќта кон недела. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Под влијание на постудена воздушна маса од север во недела ќе има зголемена облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени.
Во текот на следната работна седмица утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Берово утрово е најстудено со измерени – 3 степени
Во Берово утрово е најстудено со измерени – 3 степени, најтопло е во Крушево, Виница и Гевгелија со измерени шест степени Целзиусови.
Во Битола и Лазарополе се измерени 0 степени, 1 во Струмица и Тетово, 2 Крива Паланка, Маврови Анови, Скопје-Петровец и Демир Капија, 3 степени Целзиусови во Прилеп, Штип, 4 во Претор, Попова Шапка, Велес, Кавадарци и 5 степени во Охрид, Скопје-Зајчев Рид.
Утринава по котлините понекаде има слаба магла или ниска облачност особено во Полошко, Скопје, Куманово и на југозападот.
Македонија
Во паркот Авионче во Ново Лисиче денес ќе може да пробате домашна традиционална храна
Над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земјоделци ќе ги промовираат нивните домашни производи на настанот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ што ќе се одржи денеска во паркот Авионче во Ново Лисиче.
Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оваа манифестација ќе се промовираат домашните и традиционални производи.
– Преку мерки во програмите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им помага на земјоделците да произведуваат повеќе храна во Македонија, со што ќе се намали увозот, а истовремено работиме да станеме препознатлив бренд во светот. За вакви настани Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство додели 56 договори за поддршка на локални манифестации/саеми во вредност од над 6 милиони денари. Токму преку вакви настани се промовираат македонските производи, руралниот туризам и зачувување на традиционалните вредности, наведуваат од МЗШВ.
Настанот го организира здружението „Винотек“ со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како помагатели се јавуваат и Организацијата за храна и земјоделство на ООН – FAO, Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG RRD, Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ), имплементирано од Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) и проектот за поддршка на диверзификација на економски активности во Југоисточна Европа.
Македонија
Во недела прекинато водоснабдување во дел од Скопје
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваaт дека на ден 03.11.2024 г. (Недела) поради дефект на улична цефка од ф 300мм на булеварот Илинден бб-пред Влада без вода ќе останат корисниците на дел од булеварот Илинден и дел од булеварот ВМРО.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, се истакнува во соопштението.