Македонија
Повеќе часови ќе нема мрежа на „Телеком“, компанијата свесна за непријатностите на корисниците
Од утрово има прекин на мрежата на „Телеком“, кој е предизвикан од оштетени кабли поради градежни активности. Од компанијата велат дека нивните тимови работат интензивно за решавање на проблемот.
„Почитувани корисници, прекинот на услугите предизвикан од оштетени главни магистрални оптички кабли на ‘Телеком’ настана поради градежни активности на трети страни. Санирањето вакви големи штети подразбира повеќечасовна работа на терен. Нашите тимови интензивно работат и очекуваме за краток временски период сите услуги да станат целосно достапни. Како компанија што се грижи за задоволството на своите корисници се извинуваме за сите непријатности и на сите наши приватни и деловни корисници им доделуваме 10 ГБ мобилен интернет до крајот на август 2023 година“.
Од утрово мобилните линии и интернетот на „Телеком“ се во привремен прекин. Граѓаните се жалат дека не може да воспостават сигнал, не им стигнуваат ниту СМС-пораки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер, бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче
„Ова писмо е доказ за злоупотреба на позицијата вицепремиер и државните ресурси во политичка кампања од страна на СДС. Имено Фатмир Битиќи, коносител во ИЕ 2 на 29 април 2024 година испраќа писмо злоупотребувајќи ја својата позиција како вицепремиер, и неговата обврска да работи за компаниите и бизнис секторот“, рече Марија Митева, портпарол и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Битиќи упатува апел и директно вели, цитирам: Го барам вашиот глас, а притоа потенцира дека го водел секторот, кој помогнал со финансиска поддршка од над 100 милиони евра.
Потенцира дека за да продолжат овие позитивни политики за поддршка на бизнисот и во иднина, цитира дел од партиската програма за изборите, во која ветува зголемување на на овие средства во износ од 180 милиони евра.
Битиќи директно во ова писмо бара лична поддршка гласајќи за СДС и за Коалицијата Европска иднина наведувајќи го и редниот број на гласачкото ливче.
Ова претставува злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353. Имено според овој член е наведено дека службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, ќе прибави за себе или за друг некаква корист, во овој случај тоа е политичка корист преку директно барање на поддршка за број на гласачко ливче под кое се наоѓа коалицијата од која самиот Битиќи е дел.
Битиќи извршил злоупотреба на службената положба, затоа што како вицепремиер, кој одлучувал за доделување на помошта за компаниите им се обраќа истите да го дадат гласот за него, поради помошта која им е исплатена од негова страна, како вицепремиер на владата и дека истата ќе се зголеми доколку се добие поддршката.
Дали со ваквиот чин, Битиќи создава притисок на компаниите кои добиле државна помош, и заради истата тој бара тие да гласаат за него. Ова е преседан од невидени размери, за што очекуваме не само извинување од Битиќи и СДС, туку и ДКСК да покрене случај против ова.
Времето на злоупотребите на државните позиции и условувањето на компаниите и граѓаните завршува на 8 мај. Компаниите да не се плашат, и да не подлегнуваат на притисоците на СДС и ДУИ, по 8 мај сите кои вршеле притисоци ќе се соочат со одговорност. Ова време завршува“, изјави Марија Митева, портпарол и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Претставниците на Фондацијата Ромите за демократија на средба со ДИК: Легитимноста и транспарентноста на изборниот процес не смеат да бидат нарушени
Државната изборна комисија денес ги прими на средба претставниците на Фондацијата Ромите за демократија – Скопје кои протестираа поради попречување во исполнувањето на нивните права како акредитирани набљудувачи на ДИК, на првиот круг од Претседателските избори што се одржа на 24 април 2024.
На средбата претставниците на Фондацијата ги образложија ситуациите со кои се соочиле на денот на изборите а кои се однесуваат на попречување на нивната работа како набљудувачи од страна на избирачките одбори на неколку места низ државата. Присутните претставници на фондацијата укажаа на несоодветни постапки и барања од страна на неколку избирачки одбори во Куманово, Кичево, Струмица, Шуто Оризари и Виница. Во таа насока, членовите на Државната изборна комисија информираа дека ќе упатат насоки со укажувања до Општинските изборни комисии на Куманово, Кичево, Струмица, Шуто Оризари и Виница и по разгледување на конкретните ситуации ќе се преземат и конкретни мерки кон членовите на Општинските изборни комисии и избирачките одбори.
По укажувањата за несоодветно постапување на членови на избирачки одбори во наведените места, членовите на Државната изборна комисија ги прифатија забелешките и преземаа обврска за понатамошно делување во однос на решавање на овие случаи како и обврска да се превенираат исти или слични вакви ситуации за вториот круг на претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај.
„Вие како и сите други акредитирани набљудувачи од страна на Државната изборна комисија, неспорно е дека имате право на непречано извршување на вашата обврска согласно законските и подзаконски акти кои се однесуваат на остварување на набљудувачката дејност на денот на изборите. Во таа насока, Државната изборна комисија, веднаш ќе преземе мерки за да се превенираат евентуални попречувања и на 8 мај а ќе се разгледаат конкретните примери и соодветно ќе се постапи по однос на истите. Легитимноста и транспарентноста на изборниот процес не смее да бидат нарушени ниту да се доведат во прашање заради изолирни случаи. Поради тоа Државната изборна комсија презема обврска во дадените случаи да постапи соодветно на законските надлежности и да спречи било каков обид во иднина за евентуално нарушување на законитоста и транспарентноста на процесот“, истакна претседателот Даштевски.
ДИК апелира до сите изборни органи доследно да ги почитуваат правилата за набљудување на изборите од страна на акредитираните набљудувачи и истите да постапуваат соодветно на Изборниот закон и подзаконските акти донесени од ДИК.
Македонија
Со крводарителска акција одбележан Светскиот ден на слобода на медиумите
Со крводарителска акција која се одржа денес (02.05.2024)во четири града во Македонија новинарите и медиумските работници беше одбележан 3 мај – Светскиот ден на слобода на медиумите.
На акцијата организирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) со поддршка на Црвен Крст на Град Скопје и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) се приклучија десетици новинари и медиумски работници од Скопје, Штип, Струмица и Битола.
Овој настан се одржува втора година по ред и е во рамки на кампањата за одбележувањето на Светскиот ден на слобода на медиумите предводена од Меѓународната федерација на новинари, чиј член е ССНМ.
По тој повод на настанот се обрати и претседателот на ССНМ, Павле Беловски кој рече дека по повод овој ден треба да се испратат две важни пораки.
„Денеска оттука треба да испратиме неколку важни пораки, а тие се поврзани со слободата на медиумите, слободата на изразувањето и правото на слобода на говор. Слободата на медиумите се темели на два фундаменти. Тоа е здравото работно место, односно работните места ослободени од прекаријат и слободата на изразување односно правото на слободна мисла. И тука треба да си го поставиме прашањето дали ние работиме во такви услови. Сепак, бројките се поразителни, за да можеме да одговориме на ова прашање треба да констатираме дека 70% од вработените, над 2.000 медиумски работници се со плати под државниот просек и ист толкав број сакаат да ја напуштат оваа професија“, рече Беловски.
Според него солидарноста е многу важна во борбата за слободата на изразување и слободата на медиумите.
„Сто и дваесет наши колеги во светот и го загубиле животот. Затоа треба да се солидаризираме и денеска со оваа крводарителска акција да покажеме дека иако често е глорифицирана нашата работа и сме поттикнати дека сме поважни од останатие, тоа не е така, ние сме само обични луѓе, но сме важни по едно прашање, а тоа се грижиме за демократијата и преку нашата работа ја поттикнуваме слободата на изразувањето и градиме подобри општества. Но за да можеме да градиме подобро општество и здрава демократија мора да имаме предвид дека треба да сме слободни при тоа што го работиме“, додаде Беловски.
На настанот се обрати и Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ кој нагласи дека овој ден е важен во борбата на новинарите за подобри услови за работа.
„Новинарите често работат во небезбедни средини, соочени со цензура, малтретирање, заплашување, па дури и насилство. Слободата на медиумите е тесно поврзана со правото на пристап до информации на граѓаните. Овој ден се залага за слободата на информациите како основно човеково право, клучно за информирано донесување одлуки и функционирањето на една демократија“, рече Драган Секуловски“, извршен директор на ЗНМ.
Секретарката на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска се заблагодари за хуманоста и додаде дека функцијата која ја вршат новинарите е многу важна.
„Исто така вашата активност, вашата работа во нашето општество и глобално на светско ниво покажува навистина дека сте луѓе кои заслужуваат почит бидејќи и во мирнодопско време и во време на кризи, војни вие сте тука да ги информирате луѓето за тоа што се случува. Сметам дека бројката од 125 новинари кои го загубиле животот во една година исто така на своите работни места говори за тоа колку сте изложени на ризици. Меѓутоа повторно истакнувам дека начинот на којшто во Македонија го одбележуваме овој ден се покажува навистина почит кон животот“, рече Тунева-Пауновска.