Македонија
Највредните административци ќе бидат наградени со додаток на платата по завршувањето на изборите

Додаток на плата до максимум 30 % од редовната плата може да добијат вработените од централните институции на извршната власт.
Од владината прес-служба објаснуваат дека додаток на плата може да добијат најмногу 30 % од вкупниот број вработени во институцијата, при што исплатата нема да биде за оние што имаат право на додаток на плата со посебен закон или колективен договор.
Големината на додатокот ќе зависи од расположивот буџет на институцијата.
„Укажуваме дека до овој момент не е извршена никаква исплата со оглед на тоа што се распишани локалните избори. Исплатата на додатокот на плата ќе се реализира по завршувањето на локалните избори кога и ќе се финализира кои лица ќе добијат додаток на плата“, соопштија од Владата.
Во согласност со уредбата што беше донесена на владина седница на 5 август, правото на додаток на плата до 30 % од редовната плата може да го остварат вработените заради специфичност на работите и работните задачи и зголемен обем на работа, како и постигнување исклучителни резултати во служењето на јавниот интерес и ефикасното извршување на своите надлежности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).