Македонија
Најдобра борба со вирусите: врвен производ за зајакнување на имунитетот од врвниот германски производител Dоppelherz

Борбата со коронавирусот е евидентна во целиот свет и целиот свет се соочува со оваа медцинска галопирачка појава.
Медицинските лица знаат најдобро, ама и целото граѓанство знае ДЕКА ОСНОВАТА НА БОРБАТА СО СЕКОЈ ВИРУС, А ВО ТИЕ РАМКИ И СО КОРОНАВИРУСОТ е зајакнување на имунитетот.
И покрај сензибилноста на темата и покрај свесноста дека треба да се следат пред се врвните совети од лица стручни за тоа, сепак не може а да не забележиме дека германскиот производител бр 1 во областа на нутриционистичката фармација поседува врвен производ „ИМУНО АКТИВ“ кој што се состои од исклучително, по врвни стандарди вградени состојки кои што го зајакнуваат имунитетот.
АКО ВЕЌЕ НЕМА ЛЕК, АКО ВЕЌЕ НЕМА ВАКЦИНА ОСТАНУВА ДА СЕ БОРИМЕ СО ЗАЈАКНАТ ИМУНИТЕТ.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон ГП Јажинце и преминот на границата во двата правци

Министерството за внатрешни работи известува дека поради пожар во близина на Јажинце, прекинат е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Јажинце.
Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.
„Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Јажинце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста“, велат од МВР.
Македонија
СДСМ: Мицкоски повторно халуцинира, Македонија е четврта најсиромашна држава во Европа

Мицкоски повторно халуцинира, Македонија е четврта најсиромашна држава во Европа, велат од СДСМ.
„На секојдневните јавни настапи „отворајќи“ чешми и други „мега-проекти“ Мицкоски се фали со имагинарни успеси во недостиг на реални резултати кои би го подобриле животот на македонскиот граѓанин. СДСМ јавно го прашува премиерот каде се инвестициите со кои се фали? Доколку навистина постојат наредниот пат нека се потруди нека ги научи на памет и нека ги посочи со име и онака не се премногу за да ги запамети. Изјавите како четврта економија во Европа, шеста економија во свет по инвестиции се само резултат на розовите очила кои очигледно ги носи премиерот“, велат од СДСМ.
Од партијата велат дека дека Македонија е четврта во Европа, но одзади и тоа на листата на најсиромашни земји во Европа.
„Македонија се наоѓа на четвртото место меѓу најсиромашните европски држави, според најновите податоци за бруто-домашниот производ (БДП) по глава на жител. Според анализите, БДП по жител изнесува 8.751 долар, а според паритетот на куповна моќ (PPP) – 19.290 долари. Ова е резултат пред се на безидејноста на македонската Влада која ја закочи европската иднина на државата, а младите просперитетот го гледаат надвор од своето родно место. Само минатиот месец имаме покачување на невработеноста за 2900 лица, а во мандатот на Владата на Мицкоски имаме повеќе од 32 илјади затворени работни места. Најголем дел од овие луѓе ја напуштиле државата и си заминале по белиот свет да побараат подобра шанса за успех и просперитет. За жал ниту еден фејк статистички податок овие млади луѓе нема да ги врати назад“, велат од СДСМ.
Македонија
Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. В недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.