Македонија
Најладно утрово на Попова Шапка
Утрово најладно било на Попова Шапка кадешто биле измерени -4 степени, -3 било во Крива Паланка и Маврови Анови, -2 во Претор, Берово, Крушево, -1 во Охрид, Виница, Струмица, 2 во Тетово, Прилеп, Куманово, 3 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, Дебар, 4 во Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, Демир Капија и 5 степени било во Гевгелија.
Висината на снежната покривка, во седум часот утрово била 39 сантиметри на Попова Шапка, 28 Маврови Анови и 5 во Крушево.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта во западните и источните делови ведро, а утрово преовладува сончево време со локална појава на облачност. Во централните делови се задржа облачно. Дува слаб до умерен северен ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 14 степени.
Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

