Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка
Утрово, најстудено било во Берово, каде што се измерени -1 степен, 2 степена било на Попова Шапка, Крива Паланка и Штип, 3 во Струмица, Кавадарци, Велес, Куманово, Лазарополе и Виница, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп и Маврови Анови, 5 во Битола и Крушево, 8 во Гевгелија, Демир Капија и Претор, 9 во Охрид и Дебар.
Висината на снежната покривка утрово во 7 часот била 42 сантиметра на Попова Шапка, 32 см во Маврови Анови и 7 см во Крушево.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Променливо облачно, во одделни котлини со појава на магла. Во Тетово хоризонталната видливост е ограничена на 500 м. Дуваше слаб до умерен ветер од претежно од јужен правец.
Времето денеска
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Максималната температура ќе достигне од 6 до 15 степени.
Во Скопје претежно облачно и тивко со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

