Македонија
Најпогодени од кризата се малите општини, Арсовска до среда очекува средба со Владата за решавање на проблемите

Од денеска до среда градоначалничката на Скопје и претседателка на ЗЕЛС Данела Арсовска очекува термин од Владата за разговори на кои ќе се бара решение за помош на општините чие функционирање е сериозно загрозено од поскапувањата предизвикани од енергетската криза.
Градоначалничката Арсовска смета дека најпогодени од кризата се малите општини.
„Најпогодени се дефинитивно малите општини, оние кои немаат можност да најдат дополнителни ресурси за да се справат со оваа енергетска криза. Верувам дека она што е неопходно е да се разговара за тоа кои ќе бидат начините да се асистира, односно да се надминат овие проблеми затоа што, на крајот на денот, ова се проблеми на граѓаните, не на општините. Доколку општините се нефункционални тогаш и граѓаните нема да можат да ги добијат сите оние услуги кои што би требало општините да им ги испорачаат. Она што како ЗЕЛС беше испратено до Владата, беа испорачани извесен сет мерки за кои беше ветено дека во неколку дена ќе биде одговорено, еве веќе три месеци не е одговорено. Побаравме и состанок да се одржи за на маса да се образложат од страна на Управниот одбор кој брои 22 члена од редот на градоначалниците низ Македонија. Последната информација која ја имаме беше побарана приближно пред десетина дена, дека во термин меѓу денеска и 23, тоа е среда, Владата ќе испорача термин кога може да се седне да се разговара за овој проблем“, рече градоначалничката Арсовска, која денеска најави голема пролетна акција за чистење на Кисела Вода.
Голем број градоначалници се изјаснија дека со поскапувањата го довеле во прашање основното функционирање на општините. Владата на почетокот на минатиот месец веќе се изјасни за поскапената струја со тоа што порача дека секоја институција мора да понесе дел од одговорноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
Без струја делови од Центар и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од Центар и Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 26.08.2025 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на бул. Партизански Одреди бр. 15, односно стамбените објекти околу објектот – Луна Бизнис Центар. (Општина Центар )
· од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Козле крак -22. (Општина Карпош)
Македонија
Патот Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини поради летните одмори е зголемен меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.