Македонија
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Најстудено изутрина е на Попова Шапка каде се измерени – 4 степени Целзиусови, по што следуваат со -1 Лазарополе, 0 Маврови Анови и Крушево, 1 Тетово, Крива Паланка, 2 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп и Берово, 3 Охрид и Дебар, 4 Претор, Штип, Виница, Куманово, Велес и Кавадарци, 5 Демир Капија и Струмица и 6 степени во Гевгелија.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најмногу дожд, 19 литри на метар, во изминатите 24 часа наврна во Гевгелија и Дебар, 15 во Струмица, 13 во Битола и Крушево, 12 во Прилеп и Берово, 11 во Крива Паланка, Пожаране и Пожар-Радовиш, 10 во Тетово, Охрид, Штип и Тополчани, 9 во Маврови Анови и Лазарополе, 8 во Претор и Велес, 7 во Виница, 6 во Попова Шапка Кавадарци, 5 во Скопје-Петровец и Куманово, 4 во Демир Капија, 1 во Скопје-Зајчев Рид.
На Попова Шапка има 47 сантиметри снег, 36 во Маврови Анови, а Крушево 12.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

