Македонија
На Аукцијата на чоколадо собрани над 300.000 денари за отворање на првиот Центар за аутизам
Овогодинешната четврта Аукција на чоколадо насловена како „Чоколаден спектар“ која се одржа на 12 декември во хотелот Парк хотел и спа, ресторан Фор на која присуствуваа над 300 гости обезбеди над 300.000 денари донација, средства кои ќе овозможат старт на првиот во регионот Центар за аутизам кој ќе работи во склоп на Фондацијата СТЕМ Академија. Овој центар ќе биде единствен од таков вид во Македонија и во поширокиот регион со специјална стандардизирана програма за деца со аутизам на Lego Education, наречена Lego based therapy.

Со помош на обезбедените донации, од поединци и компании како Алкалоид, Штедилница Фулм, Авицена, Паркинзи на Општина Центар, Kariera.mk, Осигурување Македонија, Ракометниот клуб Вардар, Пастел, Чоколарт, АМСМ, НЛБ Тутунска Банка нашата желба и заложба за лансирање на центарот и реализирањето на овој проект стана реалност, односно на наше големо задоволство се создадоа услови за работа на подобри социјални вештини на овие деца, секако во соработка со стручни едуцирани лица, но и за помош на родителите и семејствата.

За извонредната атмосфера се погрижија Пепи Ренџов кој ексклузивно промовираше песна од најновиот албум, Џезилка, и Роки и пријателите, а водители беа секогаш блескавите Миланка Рашиќ и Виктор Петров – Викса.

Аукцијата на чоколадо ја организираше Здружението на граѓани ПОЗИТИВО во партнерство со СТЕМ Академија на кои им претстои период на активна работа и подготовки за отворање на центарот на почетокот на 2019 година, кој веќе ја доби првата донација во форма на слика, акрил на платно, од Тања Џипунов.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

