Македонија
На „Богородица“ и „Табановце“ утрово се чека околу 40 минути
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/granica-bogorodica-1.jpg)
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција и чекање околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, јавува АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Безобразно е Еролд Муслиу да збори за мерит систем, човекот од Агенција за разузнавање, направи партиски штаб на СДС
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Screenshot-2024-06-28-174239-1.jpg)
Безобразно и некоректно е Еролд Муслиу да говори за професионализам и мерит систем. Човекот од Агенцијата за разузнавање направи партиски штаб на СДС, организирајќи хајки, напади и пресметувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ, велат од оваа партија.
„Воедно агенцијата предводена од Еролд се пресметуваше со новинари, медиуми и личности кои го критикуваа криминалот на СДС и ДУИ.
Муслиу со такво портфолио може да се кандидира единствено за лидер на СДС наместо да рони солзи за неговото разрешување.
А за неговото работење доволно говори податокот дека додека Муслиу е директор, неговата сопруга со помош на владата доаѓа до грант од 620.000 евра. Во која НАТО земја сопруга на директор на служба добива 620.000 евра грант за работа која е дејност на службата на сопругот?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тешка манипулација, како што додаваат во соопштението од владејачката партија, е неговата одбрана со етничката припадност и дека тоа е можната причина за смена. „Тоа е завесата позади која тој ја крие неговата неспособност, злоупотреби и партиска пристрасност“, потенцираат од партијата.
Македонија
Муслиу: Претседателката попушти пред партиските притисоци, партиската логика го надвладеа мерит системот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/photo.jpg)
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова денеска ме разреши од функцијата директор на Агенцијата за разузнавање.
Без да навлегувам во политичката логика и автономија при одлучувањето за моето разрешување, очигледно е дека претседателката попушти пред партиските притисоци, вели разрешениот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, откако од кабинетот на Сиљановска Давкова попладнево беше соопштено дека таа донела одлука за негово разрешување и за именување на Габриела Јаковлева на таа функција.
„Законската оправданост и мерит системот за кој цело време зборува претседателката, за жал во случајот со моето разрешување , отсуствуваат.
Посебно сум разочаран од постапката и начинот кој го избра при моето разрешување, не покажувајќи доблест да се сретнеме на прва информативна средба на која би добила брифинг за природата на работата на Агенцијата и за безбедносното опкружување и актуелната состојба во регионот.
Со гордост и посебна чест ја раководев Агенцијата во изминатиот период во кој вложив надчовечки напори да го подигнам нивото на квалитетна работа и да го пренесам професионалното искуство и знаење стекнато во мојата 31 годишна кариера.
Честа е уште поголема и заради фактот што јас сум првиот Албанец во историјата на безбедносно-разузнавачката заедница во нашата држава на кого во 2019 година му беше доверена задача да ја предводи АР.
Иако цело време бев изложен на гнасна дезинформациска кампања која доби размери на политички линч кој остави и последици врз моето семејство, сепак, разбивајќи ги табуата во нашето општество, докажав дека Албанец, притоа и без партиска припадност, може да постигне високо ниво, да биде прифатен и почитуван во колективот, во национални и меѓународни рамки.
Пионер сум во идејата и достигнувањето највисоко ниво на родова застапеност и еднаквост како и на раководно ниво во АР, како и во делот на етничка рамноправност давајќи простор на сите од етничките заедници застапени во нашето општество да бидат дел од АР.
Под мое лидерство го подигнавме нивото и ги надградуваме нашите технички капацитети во процесот на дигитализација, информатичка и кибер безбедност.
Постигнавме фантастични достигнувања во стратешките зафаќања и оперативно-разузнавачките активности кои АР ги реализираше самостојно, како и на билатерално и на сојузничко ниво.
Искажувам огромна благодарност до целиот колектив во АР што во изминатиот, навистина динамичен и полн со предизвици период, ми дадоа безрезервна подршка во тешките зафаќања кои мораше да ги превземеме особено во периодот на ковид пандемијата, реформата на АР, активностите со отпочнувањето на Руската агресија на Украина, конфликтот во Газа и регионалната нестабилност во соседството.
На крај, на новата директорка на АР и посакувам успех во раководењето со Агенцијата, на останатите колеги им посакувам да бидат фокусирани на исполнување на визијата и мисијата на АР , да ја чуваат и бранат РСМ, не затоа што е голема или мала, туку затоа што таа е наша“, вели во изјавата Муслиу.
Македонија
Тошковски и Јанев: Борбата со криминалот и корупцијата ќе биде бескомпромисна
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/5-1-1.jpg)
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и новоименуваниот директор на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев во текот на денешниот ден остварија работен состанок со раководството на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.
На состанокот беше потврдено дека уште од првиот работен ден, ова раководство на МВР ќе биде посветено кон бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата, што е впрочем и еден од главните столбови на владината програма. Токму поради тоа, оваа посета денес се реализираше токму во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.
Тошковски потенцираше дека целта на ова раководство на МВР е создавање на полиција која ќе работи исклучиво во служба на граѓаните и вистински ќе се бори со криминалот.
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска при преземање на функцијата потенцираше дека ќе работи под мотото ред, закон и интегритет за создавање на безбедност без компромис за сите граѓани со висок стандард на професионализам и посветеност на полициските службеници.