Македонија
На Богородица, Табановце и Блаце се чека и по еден час
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица, Табановце и Блаце возилата се задржуваат од 30 до 60 минути,на другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ: Немаме добиено нотификација за небезбеден производ – сендвич со шунка
Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна и храна за животни (RASSF), дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ – сендвич со шунка од 500 грама со рок на употреба 31.05.2024 година, лот број 1413100, поради утврдено присуство на бактеријата листерија моноцитогенес, кој според пишувањата во медиумите, се повлекува од пазарот во некои од државите од регионот, велат од АХВ.
„Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ ја следи состојбата и доколку се јави потреба, во најкус рок, во интерес на заштита на здравјето на граѓаните, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за евентуално повлекување на производот од пазарот“, се додава во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Македонија
„Зегин“ го прославува 35-тиот роденден со голема хуманитарна трка
Триесет и пет години – не е само бројка туку и безброј приказни вткаени во компанијата ЗЕГИН. Секоја година исполнета со надминати предизвици, прославени победи, моменти на неизвесност, донесени храбри одлуки и непоколеблива посветеност на секој поединец кој придонел за растот на компанијата.
Триесет и пет години ЗЕГИН расте и како општествено одговорна компанија со сериозни дела зад себе кои остануваат и траат.
Подгответе се за настан, каде трчањето се среќава со забавата, а хуманата страна зазема централно место! Придружете се на ZEGIN СПЕКТРАТОН-ТРКА НА ХЕРОИ ВО СИТЕ БОИ!
Ова не е ваше типично трчање – ова е прекрасно искуство кое ќе направи да се чувствувате енергично и инспирирано.
Да влеземе заедно во 35-тата година од постоењето на Зегин, затоа на 9-ти јуни трчајте со нас за една хумана цел.
Стартот на трката е закажан во 08:00 часот со почетна точка во Општина Аеродром пред паркот Јане Сандански.
Средствата од секоја котизација ќе бидат донирани во Здружението “Во мојот свет” , со цел побрзо да се изгради првиот дневен центар во регионот за адолесценти и млади со аутистичен спектар и атипичен развој.
Побрзајте и пријавете се на следниов линк
Пријавувањето е отворено до 3 јуни
За сите детали околу овој голен хуманитарен настан можете повеќе да се информирате на социјалните мрежи
· Facebook https://www.facebook.com/zegintrka
· Instagram https://www.instagram.com/trka_zegin/
Не ја пропуштајте можноста да трчате, да се поврзете со истомисленици и заедно да оствариме една голема хумана мисија!
Се гледаме на стартната линија!
ПР
Македонија
Многу бргу ќе добиеме европски ориентирана влада, велат од партијата на Гаши
Многу бргу како држава ќе добиеме европски ориентирана влада, посветена за економски развој, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните, велат од политичката партија Алтернатива, која е дел од коалицијата „Влен“ („Вреди“).
„Работните групи на ‘Влен’, како легитимен претставник на албанците и ВМРО-ДПМНЕ и како победничка партија во рамките на преговорите за формирање на новата влада, успешно го завршија процесот на интегрирање на изборните програми и постигнаа договор за претседател на Собранието да се предложи Африм Гаши. Во меѓувреме, ја информираме јавноста дека работните групи интензивно продолжуваат со преговорите до финализирање на договорот за вториот и третиот ешалон“, се додава во соопштението.
Во Собранието почна конститутивната седница на новиот собраниски состав. На дневен ред се избор на верификациска комисија, верификација на мандатите на новите пратеници, избор на комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието – функција што е превидено да ја извршува Африм Гаши од Алтернативата.