Македонија
На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово– Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Над 340.000 пензионери во државата од денес ќе добиваат за 2500 денари повисоки пензии

Над 340.000 пензионери во Република Северна Македонија од денес ќе добиваат за 2500 денари повисока пензија. Со линеарното покачување на пензиите во месец Септември и мартовската пензија во месец Април, пензионерите добиваат за 5000 денари повисоки пензии за само 9 месеци мандат од оваа Влада, извести МТСП.
„Покачувањето на пензиите беше едно од предизборните ветувања на оваа Влада, која веднаш, на првата владина седница, започна со постапката за нејзино реализирање.
Како Влада и ресорно министерство ја потврдуваме грижата за нашата највозрасна категорија на граѓани. Продолжуваме и понатаму со креирање на политики и мерки кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на пензионерите“, велат од МТСП.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 116 возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 24 до 30 март, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 116 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Молкот на Андоновски го потврдува скандалот со новиот тендер, институциите да постапап веднаш

„Скандалите во Министерството за дигитална трансформација водено од Стефан Андоновски не престануваат. По тендерот добиен од сопругот на државната секретарка Клинчарова, сега јавноста дозна за нов тендер вреден 600.000 денари. Според информации од свиркачи кои јавно ги објавивме, сомнежите се дека овој тендер бил доделен на фирма поврзана со родителите на вработен во ИТ-секторот на истото министерство“, соопшти СДСМ.
„ДПМНЕ не го негираше тендерот туку го потврди а Андоновски досега молчи. Оттука, основани се сомнежите за непотизам, судир на интереси и злоупотреба на јавните пари.
Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за сите тендери во Министерството за дигитална трансформација. Бараме и ДКСК да го прошири предметот и да ја информира јавноста за резултатите од постапката што веќе ја води.
Министерот Андоновски мора да понесе одговорност, а институциите мора да покажат дека функционираат и кога се во прашање функционери од ВМРО-ДПМНЕ.
Дали случајот со тендерските мрежи не е изолиран инцидент, туку дел од поширока шема?
Ова не е партиска тема, ова е прашање на јавен интерес, прашање на правда и борба против системска корупција.
СДСМ нема да престане да ја разобличува вистината. Ќе продолжиме со објавување на сите информации и докази што укажуваат на можни злоупотреби во Министерството, а такви имаме многу“, се наведува во соопштението на СДСМ.