Македонија
На граничните премини нема поголемо чекање

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гаши: Оваа кампања беше еден од најдобрите примери како се практикува демократијата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес го оствари своето право на глас на локалните избори.
Во својата изјава за медиумите по гласањето, претседателот Гаши им честиташе на граѓаните и на сите политички фактори за водењето на достојна и безинцидентна кампања, потенцирајќи дека изборниот процес досега поминал на примерен начин.
„Сметам дека оваа кампања беше еден од најдобрите примери како се практикува демократијата во нашата држава. Досега немавме ваква кампања. Се надевам дека и денешниот ден ќе заврши во иста демократска и мирна атмосфера,“ изјави претседателот Гаши.
Тој, исто така, ги повика надлежните институции да продолжат да бидат на ниво на задачата до завршувањето на изборниот процес, спроведувајќи го на најчесен и најодговорен можен начин.
Македонија
Герасимовски го оствари своето право на глас и повика на мирни и фер избори

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски, денеска заедно со сопругата Елена го остварија нивното право на глас во Дебар Маало.
Герасимовски истакнува дека овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар.
„Заедно со сопругата Елена го остваривме нашето право на глас во Дебар Маало. Овој ден е важен, затоа што со секој глас ја градиме демократијата и иднината на општина Центар. Ги повикувам сите граѓани да излезат и активно да учествуваат во изборниот процес. Посакувам мирни, демократски и фер избори”, порача Герасимовски.
Македонија
(Видео) Николоски: Очекувам голема победа на ВМРО-ДПМНЕ

Очекувам една голема, извесна победа и на ниво на држава и тука во Прилеп. И очекувам најголем дел од победите да бидат во првиот круг и очекувам во Прилеп, исто така, да имаме победа во првиот круг, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„До сега изборниот ден се одвива добро, мирно, без инциденти. Додадена вредност во нашиот изборен систем е што Државната изборна комисија секогаш е водена од опозицијата и тоа дава дополнителна сигурност и дополнителна гаранција за фер и демократски избори. Се надевам дека Државната изборна комисија предводена од Борис Кондарко, којшто е предлог на СДСМ, ќе успее да спроведе фер и демократски избори, дека граѓаните ќе можат да го искажат својот став на еден мирен и демократски начин. Сметам дека имавме една добра кампања во којашто ги претставивме нашите позиции, и зошто сметаме дека нашите кандидати се најдобри и треба да се направи вистинскиот избор, и очекувам денеска да граѓаните тоа го потврдат“, рече тој.