Македонија
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Почнувајќи од 3 септември, во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ најави: „Започнуваме со објавување на Вистината за случајот АНБ, зошто власта бега од декласификација?“

„Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за наводно следење власта не ја отпочнува процедурата за декласификација на документите со случајот АНБ? Зошто самиот Мицкоски не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен“, прашуваат од СДСМ.
„СДСМ започнува со објавување на вистината за случајот АНБ. Кои се причините и што се крие зад бегањето на власта од декласификацијата на документите?“, велат од СДСМ и најавуваат прес-конференција на портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, од 10.30 часот денеска.
Македонија
„Влен“: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги искорнa од Изборна единица 1

„ДУИ и вистината се разделија одамна, но повеќе од сè, ги изгоре моментот кога Изет Меџити ги искорени Блерим Беџети, Артан „нон грата“ Груби и Бујар Османи заедно со целата нивна придружба од Изборната единица број 1. Оттогаш, ДУИ го изгуби трпението и се обидува да го прикрие својот неуспех со клевети, дестабилизација и лажни вести, но фактите се тврдоглаво против нив“, велат од „Влен“.
„Факт е дека средбата на Бујар Османи со Никола Груевски, кој е на црната листа, е документирана и не може да се скрие со изјави напишани во пропагандните кујни. Факт е дека возилото на Али Ахмети беше задржано со часови во полициската станица поради сомневања дека поранешниот премиер Никола Груевски е изнесен од земјата со него. Факт е дека преку Дака Давидовиќ, ДУИ беше подготвена да му го даде Тетово како паша. Факт е дека Османи и Груби му доделија државјанство на контроверзниот бизнисмен, вклучен на американската црна листа, Александар Онишченко.
Истата логика на потчинување го следи ДУИ на меѓународната сцена.
Факт е дека ДУИ стана главен промотор на српскиот проект „Отворен Балкан“, на кој се спротивставија ВЛЕН и Косово како опасност за Албанците. Факт е дека Бујар Османи, како шеф на ОБСЕ, одржа 11 состаноци во Белград, а ниту еден во Приштина. Факт е дека тој не успеа да го осуди терористичкиот напад во Бањска, додека неговиот план од 9 точки за северна Митровица беше изготвен во корист на Србија. Факт е дека Фатмир Бесими се ракуваше со Шутановац и српскиот генерал Љубиша Диковиќ, познат по злосторствата против Албанците.
Затоа, што и да клеветат денес за „српскиот свет“, за распуштањето на МО или за референдумот за нивниот опстанок, вистината е една: ДУИ е преполна со фактот дека ВЛЕН ја наметнува реформата од која толку се плашат на локалните избори“, соопшти „Влен“.
Македонија
Општина Карпош: Малите карпошани наскоро ќе се вселат во нова градинка

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски и официјално „и ги предаде клучевите“ на директорката на градинката „Мајски Цвет“, од монтажната времена барака на локалната самоуправа, во која привремено околу шеесет денови ќе бидат сместени дечињата од оваа детска градинка, додека се прави новиот објект во населбата Тафталиџе 1.
– Директорката и вработените во оваа градинка ќе управуваат со овој објект, кој го адаптиравме за прием на дечињата и нивен дневен престој, додека им ја изградиме за околу два месеци новаата градинка по сите еколошки стандарди. Потоа, ќе следува изградба на нов објект на градинката „Пролет“, попозната како „Пролет – Канела“, и исто така, децата ќе бидат привремено сместени во овие општински објекти додека се гради и нивната нова градинка, нагласи првиот човек на Општината Стевчо Јакимовски.
Општинскиот татко, исто така потенцираше дека по завршување на привремениот прием на децата од градинките кои целосно ќе се градат по нови стандарди, Советот на Општина Карпош е тој што ќе одлучи за што во иднина ќе бидат ползвани овие два објекти, но според неговата визија, Јакимовски истакна дека општинската барака 1 би можела да биде дополнителен објект на градинката „Орце Николов“, која се наоѓа веднаш во непосредна близина на објектот, додека општинската барака 2, би требало да биде дел отстапен за користење на архивата на Општина Карпош, додека другиот дел да се оспособи за простории за културно – уметничкото друштво „Орце Николов“, кое оваа година, прославува 51-годишнина од своето постоење, извести општина Карпош.