Македонија
На граничните премини Табановце и Богородица се чека до половина час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна време на чекање на Богородица 20-30 минути, на Табановце 20-30 минути на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно време со локален дожд
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).
Од вторник ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Во првиот круг од изборите, најмногу се рекламирале ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
Во изборната кампања за првиот круг од локалните избори што се одржаа во октомври, најмногу време за платена политичка програма на радиодифузерите закупија Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ (189 часа 39 минути и 20 секунди), Коалицијата Национална алијанса за интеграција-НАИ предводена од ДУИ (119 часа 5 минути и 50 секунди), потоа Коалицијата за Локални избори 2025 година предводена од СДСМ (109 часа 25 минути и 5 секунди) и Коалицијата Влен (76 часа 42 минути и 2 секунди).
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, до Државната изборна комисија го достави Извештајот за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за време на првиот круг од изборната кампања за Локалните избори, од 29 септември до 17 октомври 2025 година.
Податоците во Извештајот се добиени преку мониторинг на емитуваното платеното политичко рекламирање кај радиодифузерите и дополнително се проверени низ постапката на потврдување на извештаите за реализирани услуги на радиодифузерите.
Од 75 радиодифузери (33 ТВ и 42 РА) регистрирани во Регистарот на Државната изборна комисија за емитување платено политичко рекламирање (ППР) за Локалните избори 2025, во првиот круг од изборната кампања, вкупно 68, склучија договори со учесниците во изборната кампања – 33 телевизии и 35 радија.
На сите 33 телевизии беа емитувани вкупно 377 часа 20 минути и 10 секунди, додека на сите 35 радија беа емитувани вкупно 185 часа 17 минути и 43 секунди платено политичко рекламирање. Вкупно на сите радија и телевизии беше емитувано ППР од 562 часа 37 минути и 53 секунди.
Од 9-те национални телевизии коишто склучија договори за емитување ППР, најголем обем на рекламно време имаа Канал 5 (41 час, 7 минути и 53 секунди), Алсат-М (34 часа, 54 минути и 29 секунди) и Компани 21-М (27 часа, 3 минути и 57 секунди). Сите 4 национални радија склучија договори за емитување ППР, а најмногу рекламно време имаа Антена 5 (14 часа, 8 минути и 27 секунди) и Канал 77 (9 часа, 49 минути и 40 секунди).
Македонија
Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција
Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска и новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски и подари букет со свежо цвеќе на Арсовска.
Претходно, тој од Градската изборна комисија на Скопје го доби уверението дека е избран за прв човек на македонската метропола. Данела Арсовска денеска го заврши својот четиригодишен мандат за кој беше избрана во 2021 година.

