Македонија
На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство
Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно се наоѓа во Унгарија, да му се суди во отсуство.
„Имајќи го предвид известувањето од МВР дека обвинетиот Никола Груевски не им е достапен на органите за прогон, постојат важни причини на обвинетиот да му се суди во отсуство. Во случајот ‘Насилство во Центар’ се работи за обвинителен акт поднесен пред повеќе години за дејства преземени во 2013 година и во текот на расправата треба да бидат испрашани повеќе сведоци. Не е извесно кога обвинетиот Никола Груевски ќе биде достапен да му се суди во присуство и за тоа бараме да му се суди во отсуство“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.
Адвокатот на експремиерот Никола Груевски, Димитар Дангов, рече дека ова барање на Обвинителството е неосновано и побара наместо судење во отсуство за Никола Груевски, во овој случај да биде раздвоена постапката. Ова барање на адвокатот Дангов беше одбиено од страна на судот.
„Со раздвојување на постапката, ќе им се овозможи на обвинетите да им се повреди правото на судење во разумен рок. Никола Груевски е достапен за органите на прогонот. Нашето МВР по налог на судот, во контакт со Министерството за внатрешни работа на Унгарија, може да направи обид за негов повик со цел да биде достапен во оваа постапка. Од известувањето неоспорно е дека Никола Груевски се наоѓа во Унгарија, каде што е соопштено дека тој бара политички азил. Ако за Министерството за внатрешни работи на Унгарија е позната адресата на Никола Груевски, позната е и за нашите институции“, рече Дангов.
По излагањето на адвокатот Димитар Дангов, обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски, повтори дека условите за судење во отсуство на Никола Груевски се исполнети, односно дека причините наведени за раздовјување на постапката не постојат затоа што кај обвинетиот му се ставаат на товар соучеснички дејства во кривично дело и затоа бара иста постапка со извршителите.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

