Македонија
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 170 ковид-пациенти

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце се чека околу 45 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање е околу 45 минути.
На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Мицкоски: Одвоени се 720 милиони денари за 36 спортски објекти

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што се планира во делот на спортската инфраструктура нагласи дека 720 милиони денари се одвоени за 36 спортски објекти.
„Во моментот мислам дека само во вториот повик кој што го објави Министерството за локална самоуправа имаме повеќе од половина милијарда денари одвоено за инвестирање во спортска инфраструктура во општините. Севкупно од првиот и вториот беа околу 35- 36 објекти, а вкупната инвестициска вредност надминуваше 720 милиони денари. И ќе продолжиме во таа насока“, рече тој и додаде:
„Се завршуваат оние проекти кои што во минатото беа отпочнати па заборавени, како што беа базените итн. Така што се што било започнато, завршуваме, но и онаму каде што ќе констатираме дека е потребно да се интервенира ќе биде исто така завршено“.
Македонија
Целосно реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и унапредување на здравствените услуги, условите за работа и достојни услови за пациентите.
На настанот присуствуваа директорот на Клиниката, хирург – урологот и научен соработник д-р Башким Шабани, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за здравство, Азир Алиу и Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.
Во изминатите месеци, Клиниката успешно реализираше низа проекти насочени кон подобрување на условите за работа, унапредување на медицинските услуги и подигнување на квалитетот на грижата за пациентите.
Целосно беше реновирано болничкото одделение со вкупна инвестиција од 300 илјади евра. Од оваа сума, 100 илјади евра се обезбедени од фондовската сметка, 100 илјади преку донации, а останатите 100 илјади евра од сопствени средства на Клиниката.
Просториите се целосно трансформирани во современи болнички соби, уредени како апартмани. Секоја соба е опремена со нови болнички кревети, ЛЦД телевизори, нови тоалети, клима-уреди и бактериолошки прочистувачи на воздух. Климатизацијата на целиот простор создаде значително похумани услови за пациентите, особено во текот на летните месеци кога температурите се високи, а болничкиот престој може да биде непријатен.
Особено значаен е и хуманиот гест на вработените од Клиниката, кои се откажаа од субвенциите за службени мобилни телефони, во вредност од 500.000 денари. Наместо тоа, Клиниката со овие средства купи две машини за перење алишта и 18 клима уреди за болничките соби. Овој чин, според раководството е суштинска посветеност за доброто на пациентите.
„За нас, овој проект не е само реновирање на болнички ѕидови – ова е реновирање на системот, на вредностите, на односот кон пациентите и професионалноста во здравството. Посветени сме да создадеме Клиника која нуди достоинствен престој, современо лекување и човечка грижа. Благодарен сум на целиот тим што застанавме зад овие промени, со заедничка посветеност. За помалку од една година, Клиниката за урологија стана пример, како со тимска работа и вистински вредности, може да се создаде модерен и ефикасен здравствен систем, достапен тука, дома,“ изјави директорот Башким Шабани, кој заедно со стручниот тим, направија целосна трансформација на институцијата.
Медицинската експертиза на Клиниката значително е зајакната и со воведувањето на три нови хируршки техники.
„Во последната година, започнавме да имплантираме артифициелни уринарни сфинктери и да вградуваме пенилни протези – ригидни и семиригидни, а во финална фаза е и имплементацијата на третата, високо специјализирана метода – сакрална неуромодулација“, истакна Шабани.
Со тоа, Клиниката стана сертифициран центар за овие интервенции, кои досега беа достапни само во странство. Денес, овие хируршки процедури, кои се практикуваат во најразвиените медицински центри во светот, успешно се изведуваат и во Скопје.
Откако го разгледаа реновираното болничко одделение и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за здравство, д-р Азир Алиу изјавија дека целосно реновираната Клиника за урологија исполнува достојни европски стандарди.
„Реновираната Клиника за урологија навистина изгледа импресивно. Со овој чекор сме поблиску до европското здравство и до квалитетот на услуги, кои треба да ги почувствуваат пациентите“, изјави Мицкоски.
Покрај новите техники, Клиниката отвори и просторија за полуинтензивно лекување, опремена со монитори за следење на виталните параметри, во која ќе се третираат потешките пациенти.
Човечкиот ресурс останува во фокусот на развојните политики. По направена анализа за потребата од медицински персонал, неодамна беа вработени 22 медицински сестри, болничари и хигиеничарки, кои претходно беа ангажирани со договор на дело. Со тоа, Клиниката ја зајакна кадровската основа и овозможи поквалитетна грижа за пациентите. Паралелно, се подготвува и нова програма за вработување доктори, со цел задржување на стручниот кадар во државата и континуирано подобрување на квалитетот на услугите.
Во следната фаза од развојот, започнува реновирањето на Центарот за трансплантација на бубрези и Центарот за калкулоза. Во план е да се набави нов апарат за третман на камења на уринарниот тракт, а ќе се изгради и нова хируршка сала за ендоскопски интервенции. Целта е централизација на третманот на уринарните камења на едно место, каде пациентите ќе добијат најсовремени решенија, без да се упатуваат на другите клиники. Новиот Центар за трансплантација ќе располага и со просторија за дијализа, што ќе овозможи трансплантираните пациенти да останат во рамки на клиниката, без да се препраќаат до Клиниката за нефрологија.