Македонија
На Клиниката за урологија во тек е трансплантација на бубрег од починат донор

Утрово, во осум часот, на Клиниката за урологија, под раководство на д-р Сашо Дохчев, почна трансплантацијата на бубрег откако доцна ноќеска беше направена експлатацијата од починат донор, соопшти Министерството за здравство (МЗ).
„Тимовите на д-р Сотир Ставридис и д-р Александар Трајановски по полноќ завршија со експлантација на бубрег и коскени ткива од 28-годишен починат донор, чие семејство несебично се согласи да ги донира органите. Благодарение на нивната хуманост, утрово еден бубрег се трансплантира кај 22-годишно момче“, се наведува во соопштението.
Коскените ткива ќе бидат обработени и спремни за трансплантација во наредните денови.
Инаку, велат од МЗ, се работи за донор со исклучително ретка крвна група за која има мал број приматели на органи на Националната листа за трансплантација и за овие пациенти ова е единствена шанса за живот.
„Голема благодарност до медицинските тимови што учествуваа во експлантацијата и до семејството на донорот, кое ни покажа што значи хуманост“, велат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.
Македонија
Следува период на многу топло време со температури над 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Времето во наредните денови
Во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C.