Македонија
На Косово да не му се случи Босна – Ахмети со апел до меѓународната заедница
Меѓународната заедница да не го повтори случајот со Босна и Херцеговина во договорот за помирување помеѓу Косово и Србија. Ваква порака испрати претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети од настан во тетовско Селце, коментирајќи ја претстојната средба во Охрид помеѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ахмети ги охрабрува косовските власти, премиерот, претседателот на Собранието и претседателот, пратениците и опозицијата на 18 март во Охрид да се донесе стабилна и правична одлука за Косово конечно влегува на патот без враќање на интеграциите во светските структури на ОН, НАТО и ЕУ.
„Ги охрабруваме властите без двоумење да одлучат за иднината на Косово и тие го имаат нашиот грб. Апелираме и до меѓународната заедница, до посредниците за овој договор за помирување, да не се случи случајот со Босна, каде Босна е нефункционална држава и лош пример, затоа секое решение што ќе се постигне на 18 март во Охрид, треба да биде во служба на решението, траен мир и во целосна согласност со авторитетот на Косово како легитимен претставник на илјадници и илјадници жртви“ изјави Ахмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

