Македонија
(Видео) На лидерската договорено дискусијата за една изборна единица да се води во Собранието
СДСМ дава поддршка за законските предлози за една изборна единица, рече премиерот Димитар Ковачевски по денешната лидерска средба. За разните аспекти што ги имаат политичките партии за една изборна единица, премиерот рече дека договориле да се дискутира во Собранието.
„Во однос на законските предлози за една изборна единица се договоривме дека дискусијата треба да се води во рамките на Собранието и дека таму треба да бидат земени предвид сите аспекти на политичките партии бидејќи знаете дека во рамките и на коалицијата и во рамките на опозицијата има разни мислења во однос на Изборниот закон. СДСМ е партија што во својата програма има поддршка за една изборна единица, а во рамките на Собранието ќе се расправа за модалитетите во однос на тоа дали треба да има изборен праг или не, застапеност на етнички заедници, родова застапеност на изборните листи и така натаму и дискусијата ќе се води во Собранието, како што беше договорено на лидерската средба“, рече премиерот Ковачевски.
ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија отворено кажа дека, доколку Владата предложи, тие ќе поддржат менување на изборниот модел во една изборна единица наспроти сегашните шест оти тоа ќе донесе еднаквост на гласот во секоја општина и на целата територија на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Партијата Левица е сламката за спас на Ахмети, Села и на Таравари
„По секој пораз доаѓа нервоза, а тоа најдобро се виде кај Али Ахмети. Симнат од тронот, излезе да ги навреди Албанците. Почна со „загари“, заврши со „Газиместан“. Ова е вистинскиот Али Ахмети без филтерот на пропагандата и без телепромптерот на Груби“, велат од „Влен“.
„Победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце, како и водството во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени, целосно го разобличија лажниот патриотизам на тројката во агонија – Ахмети, Таравари и Села.
И ете каде завршија во прегратка со проруската и анти-НАТО партија Левица. Тоа е „сламката за спас“ на Али Ахмети, Зијадин Села и Арбен Таравари.
Кандидатот на НАИ, Арсим Далипи, кој ветуваше повлекување доколку има само еден глас помалку од Менди Ќура, а потоа јавно излажа, денес е во отворена коалиција со партијата на Апасиев.
ВЛЕН одамна укажа на состанокот меѓу емисарот на Али Ахмети, Кренар Лога, и Димитар Апасиев, како дел од планот за нанесување штета на независниот кандидат поддржан од ВЛЕН во првиот круг. Денес сè е на виделина.
Арсим Далипи, со „референдумот“ во рака и со „националната кауза“ во уста, заедно со „патриотите“ Таравари и Села, најдобро докажуваат дека нивната кауза никогаш не била албанска, затоа што оној што се здружува со Левица, ѝ го врти грбот на НАТО, на Западот и на самите Албанци“, соопштуваат од „Влен“.
Македонија
Димитриевски: Ќе воведеме втора целосно бесплатна паркинг-зона во МЗ Панче Пешев и БС Гојчо за сите резиденти на овие месни заедници
Дождот не ги спречи граѓаните да присуствуваат во голем број на локалниот граѓански собир кој се одржа на булеварот Октомвриска Револуција во Куманово, при што сите заедно упатија силна порака: Во недела на избори повторно ќе победат граѓаните на Куманово, а градоначалник ќе биде Максим Димитриевски, бидејќи Куманово заслужува дела, визија и континуитет во развојот на градот, известуваат од ЗНАМ.
На собирот Димитриевски ги информираше граѓаните дека во месната зедница Панче Пешев и БС Гојчо ќе биде воведена втора зона за паркирање која ќе биде во целост бесплатна за паркирање за сите резиденти во тие месни заедници. Воедно ќе се обезбедат повеќе паркинг места и истите ќе бидат уредно обележани и уредени.
Тој упати порака до граѓаните дека на локалитет Табакана ќе бидат тргнати сите времени објекти, и тука нема да се гради зграда како што некој предвидел претходно во урбанистичкиот план. Тука ќе се гради детско катче, нов паркинг простор и дополнителни зелени површини.

Димитриевски ги отфрли шпекулациите дека на локалитет во близина на „СкараКајЖмара“ ќе се гради нова зграда, и информираше дека тоа нема да го дозволи, туку и на таа локација ќе биде изграден спортско рекреативен комплекс со детско катче.
По однос на локацијата кај комплексот згради К4 на бул. Октомвриска Револуција, Димитриевски ги повтори своите ставови дека тука нема да се дозволи изградба на нови згради, и нема да се пробива нова улица, туку ќе се работи на проширување и уредување на паркинг просторот и дополнително целосна реконструкција на детското катче, со нова урбана опрема и други содржини за спорт и рекреација.
Димитриевски ги информираше граѓаните кои живеат по должина на бул. Октомвриска Револуција дека пристапот околу зградите ќе биде партерно уреден и поплочен секаде каде што за тоа постои можност со цел да се уреди и обнови овој дел каде што гравитираат голем број на граѓани.
Продолжувањето на иницијативите на Димитриевски за заштита на централниот дел на градот од непланско и интензивно градење на згради, беа одлично прифатени од сите граѓани, се додава во соопштението на ЗНАМ.
Македонија
(Фото) Општина Центар: Се отстрануваат паднатите дрвја кај училиштето „Киро Глигоров“
Општина Центар информира дека во моментот екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на отстранување на двете паднати дрвја во близина на ООУ „Киро Глигоров“.

Улицата е непроодна за возила додека не завршат активностите, а се очекува дрвјата да бидат целосно отстранети во рок од еден час.





