Македонија
На „Максим Горки“ засадени 18 јапонски цреши

На улицата ,,Максим Горки” денеска беше засаден дрворед од 18 висококвалитетни повеќегодишни садници од видот јапонски цреши, како донација од вработените во локалната канцеларија на Европската банка за обнова и развој во Република Северна Македонија.
„Благодарност до вработените во локалната канцеларија на ЕБОР за овој хуман гест кој значи многу за Град Скопје. Интензивно работиме на зголемувањето на зелените површини во Скопје, а оваа есен посебно внимание посветивме на обновување на постојните и формирање на нови дрвореди кои му се потребни на нашиот град“ истакна во своето обраќање градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
„Ме радува фактот што дополнително многу општествено одговорни компании покажаа интерес за донации во делот на градското зеленило, што е само уште еден доказ дека сé повеќе се крева свеста за значењето на зелените површини за животната средина во градот“ нагласи Шилегов.
„Овие убави дрвја ја симболизираат нашата релација со градот, и придонесуваат за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје. Ова е приоритет за ЕБОР, кој веќе има инвестирано во поддршка на плановите на Градот за почист јавен превоз и работи со градските и општинските власти на Акцискиот план за Зелен град, кој воедно ќе понуди систематски решенија за нови инвестиции и политики – изјави Анди Аранитаси, директор на ЕБОР Северна Македонија.
Град Скопје во рамките на есенската сезона на садење предвидува уредување на повеќе нови зелени површини, и обновување на неколку стари зелени површини на различни локации во градот. Во текот на изминатиот период е оформен дрворед пред објектот на Пошта, а се засадуваат и нови садници на плочникот пред ГТЦ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Активни се три пожари на отворено во Македонија

Утрово се активни три пожари на отворено во Македонија, информира Центарот за управување со кризи.
До 06:30 часот на територијата на Република Северна Македонија имаше вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три се сѐ уште активни, еден пожар е под контрола, а 24 се изгаснати.
АКТИВНИ: 3
1. Општина Василево, Радовиш и Берово
• с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини
• Нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација
2. Општина Прилеп
• с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (под контрола)
• Друг крак кон с. Градешница (опш. Новаци) и трет крак кон граница со Р. Грција
• Не се интервенира поради детонации (мешана шума)
3. Општина Кавадарци
• помеѓу селата Галиште и Ќесендре
• Мешана шума и нискостеблеста вегетација
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Карбинци
• с. Јунузлија (шума)
Македонија
Без струја делови од Сопиште, Аеродром и Студеничани

Без струја денеска ќе останат делови од општините Сопиште, Аеродром и Студеничани.
ЕВН Македонија АД известува дека на ден 31.07.2025 година ( четврток ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 07:00 до 16:00 часот, од последна автобуска станица 24ка до маркет„ДАВИДОВ“ . (општина Сопиште)
– во периодот од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од ул.Ѓорѓи Капчев. (општина Аеродром)
– во периодот од 09:30 до 12:00 часот, дел од корисниците на селото Морани СЕЛОТО МОРАНИ (општина Студеничани)
– во периодот од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од викендици Дражилово, ХПП Патишка Река, Крас Јаболце.(општина Сопиште)
Македонија
Во прекин сообраќајот на патот Струмица – Берово

Од вчеравечер 22:10 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Берово, поточно кај „Сарајска раскрсница“, е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.