Македонија
На Мијалков му застари едно од кривичните дела во „Таргет“ и „Тврдина“, обвинителот побара запирање на постапката

Пред Апелациониот суд Скопје денеска се одржа јавна седница по повод изјавените жалби на обвинетите по сите основи и на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по повод изречените кривични санкции и казни, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во предметот познат во јавноста како „Таргет – Тврдина“, информираа надлежните.
На седницата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје го презентираше писмениот предлог со кој се предлага сите изјавени жалби да се одбијат, а по повод жалбата на обвинетиот С.М. и по службена должност Апелациониот суд Скопје да ја запре постапката за кривичното дело од член 359 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик поради настапена апсолутна застареност на кривично гонење и следствено на тоа да интервенира во одлуката за казна, додека во останатиот дел пресудата да се потврди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.