Македонија
На протестите во Битола ја погребаа Северна Македонија

На протестите во Битола, демонстрантите извикуваат дека не го даваат името. Тие пеат патриотски песни а некои од нив носат транспаренти со крст што симулира дека ја погребуваат Северна Македонија.
Тие скандираат Македонија, Македонија а наскоро го очекуваат обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ се оградија од овие демонстранти и велат дека тие самите со свои транспаренти упаднале на протестниот марш.
(В.Ј)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Османи формира тим во Чаир со задача да донесе милион евра од европските фондови

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денес го најави формирањето на специјална Task Force единица посветена на IPA фондовите, со јасна цел – европските средства да дојдат директно во оваа општина.
„Три години бев државен координатор за IPA фондовите. Знам како функционираат овие програми, каде се можностите и кои се луѓето во Брисел што одлучуваат за нив,“ истакна Османи.
Тој додаде дека од денес Чаир има тим со еден единствен мандат: да донесе милиони евра од европските програми директно во општината.
„Ова значи подобри улици, посилни училишта и побогата заедница. Чаир заслужува да биде директно поврзан со Европската Унија и ние тоа ќе го направиме реалност,“ истакна Османи.
Со оваа иницијатива, додаде тој, Чаир стапува на патот на европска интеграција на локално ниво, користејќи ги можностите што ги носат фондовите на ЕУ.
Македонија
„Таравари не излезе од Владата поради грижа за правата на Албанците, одговорите нека ги побараат во обврските преземани за инвестицијата Ѓока“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Алијанса на Албанците на Арбен Таравари треба да научи дека кога неосновано критикуваат и измислуваат, притоа ставаат зборови во уста кои не биле кажани од премиерот Мицкоски, ќе добијат аргументиран и издржан одговор“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Алијансата за Албанците.
„А вистината зошто излегоа од Владата не се крие во грижата на Таравари за Албанците ниту пак борбата за некакво подобрување на нивните права.
Вистината е многу едноставна и болна.
Членовите и заинтересираните за вистината одговорите нека ги побараат во една инвестиција на Таравари што се вика Ѓока. Какви обврски превземал и какви услови прифатил. Тоа не е наш проблем. Оставаме сами да си ги решат“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Времето утре сончево и топло, за викендот локален пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури. Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен југозападен, а во недела северен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневните температури. Потоа следува период на стабилно и потопло време.