Македонија
На скопскиот аеродром запленети 185 илјади норвешки круни кај патник

Запленети 185 илјади норвешки круни кога патник на излез од државата на скопскиот аеродром не ги пријавил кај царинскиот орган.
Патникот, инаку норвешки државјанин по потекло од Косово, со себе во црна торба носел 305 илјади норвешки круни, што царинските службеници ги пронајдоа при контрола на скенер.
Во согласност со Законот за девизнота работење, вратени му се 120 илјади норвешки круни, а преостанатите се запленети. Против патникот е поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Истрага против дилер на марихуана во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При претрес во домот на осомничениот, во рамките на оперативна полициска акција, пронајдени се 126,95 грама марихуана во поделена во 85 зипер ќесички подготвени и наменети за натамошна недозволена продажба. Исто така, од осомничениот 37-годишен тетовец се одземени и парични средства во вкупен износ од 71.700 денари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.
Бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик дека осомничениот би можел да го повторува делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Македонија
„Медиумските извештаи загрижуваат – општина Чаир плаќа 𝟨𝟢,𝟤𝟧 денари за 𝟤𝟧𝟢 мл вода за пиење“, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција (ДУИ) со загриженост ги следи медиумските извештаи во врска со сомнителните јавни набавки во Општина Чаир, каде што, според објавените информации, цената на набавката на вода за пиење достигнува неверојатни 60,25 денари за 250 мл“, велат од ДУИ.
„Оваа вест предизвика оправдани реакции во јавноста и ја отвори потребата за целосна транспарентност во трошењето на јавните пари.
ДУИ бара од општинските власти јасно и недвосмислено да го појаснат овој случај, да ги објават сите релевантни податоци и да ги отфрлат сите сомнежи за можни злоупотреби.
Во контекст на веќе долгогодишните проблеми со урбаната мафија и хаосот што ја задушува Општина Чаир, секој сомнеж за неправилности во трошењето на јавните средства дополнително ја влошува довербата на граѓаните кон институциите.
ДУИ останува посветена на принципите на транспарентност и одговорност и ќе продолжи да инсистира на јасни одговори и соодветни мерки за заштита на интересите на граѓаните“, соопшти ДУИ.
Македонија
Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи, велат од СДСМ

„Изет Меџити најавува робусна, историски најголема партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски кадри во администрацијата а Мицкоски молчи“, велат од СДСМ.
„Таравари рече дека прво треба да се решат етничките прашања а потоа да се зборува за економија. Меџити има стратегија за вдомување прво на партиските кадри. А Мицкоски си молчи.
Молкот на Мицкоски значи дека робусната операција за партизацијата на администрацијата е веќе договорена работа пред изборите.
Ова е скандал од огромни размери, кој говори дека зад лажниот патриотизам се крие систем на клиентелизам и корупција и затоа мора да има одговорност.
СДСМ бара веднаш да бидат запрени сите вработувања во јавната администрација, целосна истрага за овој скандал и постапка од Државната комисија за спречување корупција“, соопшти СДСМ.