Македонија
На скопскиот аеродром пристигна првата пратка од најавените 500.000 дози кинески вакцини

Првиот авион од вкупната пратка од 500.000 дози вакцини, што ги купивме од производителот „Синовак“, слета утрово на скопскиот аеродром, објави на социјалните мрежи, министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој нагласи дека во текот на денот се очекува да пристигнат и останатите количини.
„Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите“, напиша Филипче на „Фејсбук“.
Деновиве во земјава пристигнаа и 100.620 дози од вакцините „Фајзер“ што се набавени преку Ковакс-системот.
Министерот Филипче најави дека во текот на следните денови вакцинацијата ќе се одвива со забрзано темпо и оти ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани преку сајтот vakcinacija.mk.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.