Македонија
На Табановце зголемена фреквенција на возила, се чека до половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија е од 15 до 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Поради вршење градежни активности на објект – реконструкција со проширување на регионалниот пат Р1109, делница Понов мост – влез во Богданци, сметано од 24.6.2024 година, ќе биде поставен привремен режим на сообраќај.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Левица: Премиере, наместо манипулации за Левица, објаснете зошто не покренувате постапка против Заев и како го амнестиравте Груби

Политичката партија Левица преку соопштение до медиумите му постави неколку прашања на премиерот Христијан Мицкоски.
„Нѐ радува што најголемиот кошмар на корумпираните елити, меѓу кои и самиот премиер Христијан Мицкоски, е токму Левица. До таа мера сме им трн во око, што нивните партиски митинзи започнуваат со повторување на лажни и шизофрени тези насочени против нас. Премиерот, кој треба да претставува државнички капацитет и стабилност, секојдневно ја дискредитира својата функција со контрадикторни изјави – наутро тврди дека Левица е во коалиција со ДУИ, а навечер дека токму ДУИ со своето негласање придонеле за забрана за рекламирање на Левица.
Секој рационален човек гледа дека Левица никогаш не била и нема да биде во коалиција со било која партија. Постојат само две страни – Левица и народот, наспроти криминогените партиски картели.
Во обид за политички маркетинг, Мицкоски продолжува со своето себепонижување во име на коалицискиот партнер ВРЕДИ. На митинг на ВМРО-ДПМНЕ ги бранеше и повикуваше своите членови да гласаат за кадрите на ВРЕДИ, претставувајќи го како најголемо зло тоа што Левица има кандидати во Тетово, Струга и Гостивар, градови кои ВМРО и СДСМ одамна ги избришаа од мапата на Македонија.
Премиере, кога ветувавте дека ќе го вратите достоинството на народот – ова ли го имавте на ум? Да ги терате сопствените членови да гласаат за луѓе кои јавно пропагираат соништа за Македонија како втора албанска држава, а во име на тие соништа жестоко ја напаѓате Левица?
Да потсетиме, кога се собра мнозинство за изгласување недоверба на владата на Заев, на таа маса седеше и Левица. Додека ние го баравме „исчезнатиот“ пратеник поради кој таа влада не падна, Вие објавувавте слики како вадите масно ткиво. Сега, кога сте на власт, зошто во име на бизнисите не покренавте ниту една постапка против Заев, додека тој гради раскош во Дубаи?
А речиси една година по исценираното бегство на Артан Груби, јавноста сè уште чека одговори. До
Македонија
Извршителите ќе имаат увид во пензиите, Правда потпиша меморандум за соработка со Комората на извршители и Фондот за пензиско

Министерството за правда, Комората на извршители и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпишаа меморандум за соработка со кој се воспоставува брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија.
Од Министерството за правда велат дека целта на меморандумот Целта на Меморандумот е да се обезбеди побрза и поефикасна размена на податоци за лицата-должници, корисници на пензија, со што се овозможува поголема правна сигурност за граѓаните, заштита на личните податоци, почитување на етичките стандарди, грижа за најранливите категории, особено пензионери со минимална пензија, јасни и транспарентни процедури и поефикасно спроведување на извршувањата.
„Со овој чекор се зајакнува институционалната соработка, се намалуваат административните пречки и се гарантира фер и законито постапување од страна на сите засегнати страни“, велат од Министерството за правда.
Од таму најавуваат дека ќе продолжат градат правосуден систем врз принципите на доверба, отчетност и транспарентност, со посебна грижа за најранливите граѓани.
Македонија
Судењето за пожарот во Кочани распределенo кај судијката Диана Груевска Илиевска

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е распределен кај судијката Диана Груевска Илиевска, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
„Согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни“, соопштија од Судот.
Од таму велат дека станува збор за судија со 19 годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17 – годишен стаж како стручен соработник.
Советот за оцена на обвинителен акт денеска во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“.