Македонија
На Школка во парк денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на борбата против беснилото
Денеска од 11.30 до 13.30 часот, кај Школка во Градскиот парк, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе организира промотивно-едукативен настан за граѓаните за подигнување на јавната свест за превенција и опасност од болеста беснило.
На настанот, ветеринарните друштва ќе даваат совети за исхрана и здравствена заштита на домашните миленици, со акцент на почитување на законската обврска за вакцинација на милениците против беснило и нивно идентификување и обележување со микрочип.
Најмладите ќе творат во детското ликовно катче, а децата што имаат миленици ќе може да земат учество во Шоуто за домашни миленици.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги поканува граѓаните и сопствениците на миленици да го посетат промотивно-едукативниот настан и активно да се вклучат во годинешното одбележување на 28 Септември, Светскиот ден на борба против беснилото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

