Контакт

Македонија

На 6 мај Скопје ќе бие во ритамот на „Визер – Скопски маратон“

Објавено пред

Четиринаесеттиот „Визер – Скопски маратон“ повторно ги урна своите рекорди со преку 10.000 пријавени од 58 земји од светот. Тие ќе ги заземат своите позиции на стартот на патеката на 6 мај во 8:30 часот и со самото свое учество уште еднаш ќе потврдат дека „Визер – Скопски маратон“ е најпопуларниот спортски настан во Македонија и пошироко. Самата популарност на манифестација оваа година ќе е надградена со присуството на ексклузивната гостинка, светската рекордерка Пола Редклиф.

dobivaj vesti na viber

Пола на прес-конференцијата организирана во „Парк хотел и спа“ упати порака до сите инволвирани истакнувајќи: „Им посакувам на сите учесници многу среќа и успех. Сигурна сум дека ќе има преубава забава и уживање на „Визер – Скопски маратон.“

„За потребите на организацијата на маратонот Градот Скопје обезбеди логистичка и финансиска поддршка. Сите јавни претпријатија на градот се ставени на располагање да се погрижат за состојбата и безбедноста на патеката долга 42.195 метри. Ги повикувам граѓаните на Скопје в недела, на 6 мај, да излезат во што поголем број да им дадат силна поддршка на своите фаворити. На учесниците на „Визер – Скопски маратон 2018“ им посакувам успешни трки, добра забава, дружење и нека победат најдобрите“, рече Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје. Тој додаде дека во организацијата на маратонот се вклучени стотици професионалци и волонтери кои се грижат маратонот да помине во најдобар ред и за нивниот труд тој испрати најискрена благодарност затоа што тие значително придонесуваат за растечката популарност на „Визер – Скопски маратон“.

„Како институција одговорна за креирање младински и спортски политики и поддршка на развојот на спортот, во секој од чекорите кои ги преземаме, Агенцијата за млади и спорт на некој начин ја достигнува посакуваната цел, а тоа е да се омасови маратонското трчање, да се стекнат спортските навики и промовираат здравите стилови на живеење“, изјави Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт.

„Цела година жителите на Скопје ги гледаме растрчани низ градот, не само на денот на маратонот. Некои трчаат во парк, некои покрај Вардар, некои на тротоар. Ни претставува најискрено задоволство тоа што успеваме да ги обединиме сите тркачи и со нив да се дружиме барем еден ден во годината. На некои од нив тоа им е малку, па своите тркачки желби ги исполнуваат и на маратоните во странство. Таа промоција на „Визер – Скопски маратон“ е најзначајна. Кога нашите тркачи посетуваат други метрополи и патеки и кога луѓето од другите држави од цел свет доаѓаат кај нас. Тука разменуваме многу интересни енергии и искуства кои никогаш не се забораваат“, порача Кире Синадиновски, директор на „Визер – Скопски маратон“ .

Според Ѓорги Кузмановски, претседател на Сојуз на спортови на Скопје, несомнено „Визер – Скопски маратон“ расте низ годините. „Секој чекор кој се презема од страна на организаторите е чекор кон воспоставување  култен статус кој веќе се гради врз традицијата на ‘Визер – Скопски маратон’ . За остварувањето на ова сакам да им се заблагодарам на сите учесници, покровители и поддржувачи затоа што без нив овој настан немаше да биде тоа што е денес“, додаде Кузмановски.

Од организацијата информираат дека подигнувањето на стартните пакети за „Визер – Скопски маратон 2018“ е на 4 и 5 мај во „Парк хотел и спа“од 10 до 19 часот. Воедно в сабота 5 мај, „Визер – Скопски маратон“ во склоп на „Проект среќа“ се организира и хуманитарна Pasta party од 18 до 21 часот.

„Визер – Скопски маратон“ константно се надградува и оваа година како дел од настанот се вклучија македонските радија, познати диџеи, бендови и оркестри со цел да ја збогатат целата патека со музика и забава. Неодамна беше пуштена во употреба и новата мобилна апликација за „Визер – Скопски маратон“ на која секој заинтересиран може да ги следи своите омилени тркачи во живо. Истата може да се симне на следниов линк: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.skopjemarathon

Во склоп на „Визер – Скопски маратон“ ќе се одржи и Детски мини маратон в сабота, 5 мај, во 10 часот во општина Аеродром во парк „Авион“. Партнер на Детскиот мини маратон е УНИЦЕФ.

Македонија

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците 

Објавено пред

„Пратениците на тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ застана против работниците, одбија зголемување на минималната плата на 600 евра и не гласаа за Законот на СДСМ. Се потврди она што го говори СДСМ цело време. За ВМРО-ОКГ/ЗНАМ важни се само криминалните тендери и луксузирањето а работниците и граѓаните се неважни“, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Има пари за нивните 161 тендер за една фирма, за 51 тендер за друга, има пари за 74 тендери за трета, има пари за 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ преку Пошта.

Нема пари за работниците, има само за луксузирање и криминални тендери.

Владата на Мицкоски постојано се задолжува, пари обезбедуваат врз грбот на народот ама за криминални тендери а не сакаат да обезбедат пари за плати за работниците.

Одбивањето на законот е директен удар врз животниот стандард на граѓаните и на над 200 илјади работници. Во услови кога синдикалната кошничка надминува 67.000 денари, кога храната, струјата и основните трошоци растат од месец во месец, ВМРО-ОКГ ги изневери работниците.

СДСМ понуди реално и одржливо решение – со ребаланс на Буџетот и пренамена на пари од луксузи, како мебел, коли, авион, да се обезбедат пари за 600 евра плата, како што заслужуваат работниците.

СДСМ нема да се откаже. Ќе продолжиме да се бориме за поголеми плати, за работниците, за граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, 27 февруари 2026 година, петок, ќе биде домаќинка на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

dobivaj vesti na viber

Албанскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и албанската делегација.

Во рамки на официјалната посета, претседателот на Република Албанија ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа милионскиот криминал на Груби се со цел да останат ден повеќе на власт и да не им се растури коалицијата со ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Милионски криминали и злоупотреби се случувале во Државна лотарија под покровителство на СДС и ДУИ. По апсењето на Артан Груби, СДС се во целосна конфузија и нервоза пoради стравот од сведочењето на Груби и евентуалните искази што би можело да допрат и до поранешни високи функционери на СДС.

Изјавата на потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, дека одлуките на Владата биле колективни и дека доколку се утврди вина „сите треба да одговараат“, отвора сериозни прашања. Дали ова претставува индиректно признавање на одговорност? Дали станува збор за обид за релативизирање на индивидуалната вина?

Дали СДС застанува во одбрана на Артан Груби и дали раководството на партијата е подготвено да понесе колективна одговорност за одлуките донесени во време на нивното владеење?

Јавноста има право да знае. Дали СДС го брани Груби во врска со наводите за штета од над 8 милиони евра врз државниот буџет?

Дали поранешните функционери се подготвени да застанат пред органите на прогонот и да ја докажат својата невиност?

Зошто по отворањето на случајот се менуваат ставовите и реториката?

Очекуваме надлежните институции да постапуваат професионално, транспарентно и без селективност. Одговорност мора да има, без разлика на функција, партиска припадност или политичко влијание.

Граѓаните заслужуваат правда, отчетност и целосна транспарентност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија27 минути

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија46 минути

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион1 час

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет2 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет2 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион3 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион4 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија16 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија16 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија18 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија20 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија21 час

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија22 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија22 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија22 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија23 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија23 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија23 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија23 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....